Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска,Томас Бирн, и Тити Тупураинен, со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.
Во еднодневната официјална посета на Скопје, ирскиот министер за европски прашања,Томас Бирн, и министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, ќе се сретнат и со претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по што делегациите ја продолжуваат својата мини турнеја на Западен Балкан во соседна Албанија и во Косово.
Косовскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бесник Бислими ќе се сретне денеска со две делегации од Финска и Ирска, соопшти службата за информирање на Владата на Косово.







