ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

ЕУ или власт – за ДПМНЕ поважно е второто

Во период на историја, на стратешки момент опозицијата сè врзува со избори. Работите одат до таму што лидерот на ДПМНЕ вели дека ќе се повлече од барањата за избори доколку се прифатат измените кои се однесуваат на предлогот. Изборите се релативизираат со можен датум за преговори за влез во ЕУ. Ако доаѓањето на власт на Мицкоски е најважната работа, за мнозинството граѓани приоритет е ЕУ.

July 5, 2022 11:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: СОТИР ГAБЕЛОСКИ

Предлогот само што стигнал до Влада, а ВМРО ДПМНЕ се „удри“ на протести. Денес сето тоа наликува само на про-руско движење во период кога во Украина се случуваат хорори.

Опозицијата е за критикување. За голема критика. Францускиот предлог само што беше доставен до Владата и без да го видат, како што изјави Мицкоски, го отфрлија.

Во период на историја, на стратешки момент опозицијата сè врзува со избори. Работите одат до таму што лидерот на ДПМНЕ вели дека ќе се повлече од барањата за избори доколку се прифатат измените кои се однесуваат на предлогот. Изборите се релативизираат со можен датум за преговори за влез во ЕУ. Ако доаѓањето на власт на Мицкоски е најважната работа, за мнозинството граѓани приоритет е ЕУ.

Вредностите во нашето општество се извитоперилe до фаза на непрепознатливост. Ако нашите родители нè советувале да учиме, да напредуваме и така да придонесеме за нашата држава, денес херојство и придонес за државата се покажува преку пироманство. Застрашувачки е она што се случува на протестите од ДПМНЕ и Левица. Тука нема простор за разумно објаснување, само емоција и извитоперени верувања за тоа како се унапредува државата.

Во однос на предлогот кој ни гарантира почеток на преговори се однесуваме како вакви можности да имаме безброј. Не, ова е единствена шанса и ако кажеме „Не“ тогаш тоа е „Не“ кон цела Европска Унија. Тоа е пораз за нас и ќе претставува стратешка грешка.

Гледајќи ги нештата од друг аспект ЕУ можеше да не овозможи преговори без решавање на проблемите со Бугарија. Така бевме заглавени со Грција се до Договорот од Преспа. ЕУ денес ни дозволува, под одредени услови, да го отпочнеме процесот и паралелно да комуницираме со соседот Бугарија за да се надминуваат несогласувањата.

Друг аспект е што документот кој е познат како „Француски предлог“ е исклучително сложен документ кој само искусните дипломати го разбираат. Ретко кој од сите нас суштински можат целосно да го разберат текстот на документот за да кажат дека се задира во јазикот и идентитетот. Што можеме тука? Да се потпреме на нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, и да го извадиме максимумот од оваа можност.

Да ги погледнеме нештата од сите можни аспекти, но да не дозволиме емоциите да не понесуваат кога јазикот и идентитетот ги „забарикадиравме“ уште со Преспанскиот договор.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
Next Post
connexionfrance.com

Ајфеловата кула може да се урне, прогресивно ‘рѓосува

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk