ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Ќе има мерки и казни против сите кои што ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза

July 6, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја следиме состојбата на терен со цените и на енергенсите и на основните прехранбени производи. Ќе има мерки и казни против оние фирми кои ја злоупотребуваат ситуацијата со енергетската криза, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Најави дека Министерство за економија веќе работи на дизајнирање на мерки за поддршка кои ќе бидат насочени кон најранливите категории на граѓани со ниски приходи што ќе бидат спроведени откако ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот во Собранието.

Во денешното гостување во Студио 1 на Телевизија 24 министерот Бектеши потенцираше дека земјава и регионот ги очекува тешка зима во делот на енергенсите, но кажа дека се прават сите подготовки од сите институции со цел да се обезбедат што повеќе количини од домашното производство на електрична енергија и да имаме во континуитет и снабдувањето со природен гас.

– Очекуваме во наредниот период да падне цената на пченицата и на сончогледот поради новата жетва, како и за најмалку 20 проценти да се намалат цените на производите поврзани со овие култури. Но, доколку продолжи трендот на намалување на цените на суровините, а при тоа нема намалување на цените во преработката и трговијата, тогаш Владата ќе мора да интервенира. Тогаш согласно Законот за трговија ќе предложиме пред Владата одредени мерки како замрзнување на цените или на маржите со цел да нема злоупотреби на грбот на потрошувачите. Компаниите ова го знаат затоа што ние на дневна основа ги следиме податоците, кажа Бектеши.

Во делот на злоупотребите на електричната енергија и новиот тарифен модел за цената на струјата министерот Бектеши потенцираше дека веќе се разгледуваат мерки и казни за компаниите кои го злоупотребуваат системот и ситуацијата со енергетската криза на сметка на граѓаните.

-Во координација со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) побарав листа на фирми од Управата за јавни приходи и надлежните институции зошто тоа е кривично дело. Имавме примери на злоупотреба на одредбата од Законот за енергетика од страна на општините, тоа го направија и одредени цркви и џамии и големи компании со над 600 вработени кои имаат синџири на маркети. Тие ја префрлуваат обврската за плаќање на струјата на ново отворена компанија која има под 50 вработени или претходната година имала приходи помали од 2 милиони евра, посочи Бектеши.

За снабдувањето со топлинска енергија во Градот Скопје, откако РКЕ ги одзема лиценците на БЕГ, министерот Бектеши потенцираше дека во наредниот период ќе биде објавен јавен повик за избор на компанија која што ќе ја преземе обврската за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

-Градот Скопје има формирано ваква компанија, но оттаму најавија дека нема да се пријават да ја преземат обврската која што ја имаат според закон. Ако не се пријави ниту една компанија тогаш АД ЕСМ ќе ја преземе оваа обврска, потврди Бектеши./МИА/

Next Post

Туристичко-угостителската комора подготвена да обезбеди 5.000 работници за спас на секторот

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk