ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Национализмот на политичката улица“ што ќе се одржи в четврток, 14 јули 2022 година, со почеток во 13 часот, во прес центарот на ЦИВИЛ, во бизнис центарот Палома Бјанка, 3 кат.
Настанот е посветен на националистичкиот наратив за време на протестите против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.
На оваа панел дискусија ќе разговараме за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести. Дел од прашањата на кои ќе се обидеме да дадеме одговор се:
- Дали и каква одговорност имаат инспираторите и организаторите на протестите?
- Каква е врската меѓу националистичкиот наратив насочен кон меѓуетничките односи во земјата и европското решение за почеток на преговорите со ЕУ?
- Кои се последиците по меѓуетничките односи и демократските процеси во општеството?
- Дали и какви мерки ги преземаат релевантните институции во овој период?
На панел дискусијата се поканети претставници на Владата, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ, а со свои излагања ќе учествуваат и неколку членови на раководството на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Вообичаено времетраење на овие настани е 60-90 минути. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и Јутуб видео каналот на ЦИВИЛ.