„Сервилен пред Фон дер Лајен, а борбен на тастатура: Мицкоски не се појави ниту со народот ниту во Собранието!“, е насловот на еден од интернет порталите доскорешни агилни пропагандисти и поддржувачи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму во текстот прашуваат – „Каде е Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија? Додека народот протестира на пеколни температури, зошто Мицкоски не е меѓу Македонците кои ги бранат идентитетот и јазикот?’