ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ангелов: Најсериозен е пожарот на Криволак, утрово повторно се разгоре, го гаснат два хеликоптера армиски и полициски

July 27, 2022 10:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Три пожари се активни во моментов, но најсериозен е на Криволак, кој утрото повторно се разгоре, и го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во видео обраќање.

-Рано утрово пред пет часот извршивме хеликоптерско извидување на пожарите што останаа активни во текот на ноќта. Движејќи се кон  активниот пожар во општина Василево, налетавме на нов пожар, за којшто подоцна се утврди дека е подметнат и зафати блиска шума во релативна близина на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информираше Ангелов.

Веднаш пријавиле во Територијалната противпожарна единица Радовиш, и екипите со теренско возило итно излегле на терен.

-По неколкучасовна борба со пожарот успеаја да го стават под контрола а набргу потоа и целосно го изгасија, со што спречија овој шумски пожар да се прошири и да предизвика исклучително сериозни проблеми. Затоа што до него се наоѓа и обработливо земјоделско земјиште со различни земјоделски култури, соопшти Ангелов.

Пожарот во општината Василево, на неколку места чадел и се забележувал слаб оган, којшто во моментов полека се разгорува. На местото се екипи од Територијалната противпожарна единица Струмица. Доколку се јави потреба, ќе биде упатен еден хеликоптер, а по потреба и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Третиот и би рекол најсериозен е пожарот на армискиот полигон Криволак којшто повторно почна да се разгорува, а утрово го гаснат два хеликоптера, армиски и полициски. Поради слабиот ветер што се појавува и зголемувањето на температурата, пожарот  се разгорува. Во текот на денот со хеликоптерите а по потреба и со авионот ќе продолжиме со дејство.  Значајно е да напоменам дека армиските магацини што се на неколку километри од линијата на пожарот, се дополнително обезбедени и се апсолутно сигурни, дециден е Ангелов.

Next Post
фото: dailysabah.com

Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО на дневен ред на седница на Собранието

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk