ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Пендаровски како театарски критичар

July 29, 2022 16:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ 

Не можам да ја сфатам лефтерноста со која претседателот Пендаровски зборува како Русија се меша во нашите внатрешни работи преку свои луѓе,политичките субјекти и инсталации.

Зборува како театарски критичар за најновата претстава во Македонскиот народен театар.

Кога открива дека “неколку субјекти се во директна корелација со Москва неколку години наназад…

И дека се финансираат од Москва.

Да повториме:Неколку години наназад.

-Сѐ додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е во ред и тоа е демократски- вели Пендаровски.

Па, како тоа.

Веднаш во продолжение на интервјуто во “Фокус” запаѓа во тешка контрадикција истакнувајки дека му е чудно што неколку дена по руската инвазија во Украина, Левица го повикала рускиот амбасадор во Собрание и го одликувала за неговиот придонес во билатералните односи, што е без преседан. Во ниеден европски парламент не се случило тоа, заклучува претседателот.

Да, претседателе, но тој спектакл со рускиот амбасадор беше направен во врвната институција, односно тоа што го напаѓате во последната реченица, го сметавте за демократски чин во претходната.

Мислам дека ваквото позиционирање на првиот човек на државата не е адекватно на нивото на опасноста и на активностите што ги преземаат руските агенти кои навлегувале од не знам каде и руските инсталации во земјата.

Тоа е спротивно на интересите на Северна Македонија.

Освен тоа, Македонија како членка на НАТО и земја која ги отвори преговорите со ЕУ, има обврска многу порешително да се бори против деструктивните руски влијанија во Македонија затоа што во актуелнава ситуација, тоа се влијанија не само против Македонија, туку и за дестабилизација на овој дел од Европа.

Да, уште нешто: сите државни институции имаат инфирмации за ова!

Што тоа значи, дали дека ситуацијата е под контрола или дека државните институции не си ја вршат работата?

Знам дека е полесно ова да се каже отколку државнички да се дејствува. Имам респект кон деликатноста на некои аспекти на ситуацијата, но сепак, ова што го зборува Пендаровски, не е одговор каков што Македонија очекува од себе и каков што нашите сојузници очекуваат од нас.


Теркстот е личен став на авторот
Next Post

Украинско МНР: Гранатирањето на затворот со украински заробеници во окупираната Оленивка, е злосторства против човештвото

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk