ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Неопходна е тесна соработка и координација меѓу сите проекти за сајбер безбедноста во земјава

August 1, 2022 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше координативен онлајн – состанок помеѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и претставници од естонската Академија за е-Владеење (e-GA) и УСАИД во Северна Македонија, со цел да се обезбеди координација и тесна соработка на проектите во државава кои се фокусираат на сајбер безбедноста.

Како што соопштија од кабинетот на Грковска, на состанокот, покрај тимовите на e-GA и УСАИД, учествуваа и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, како и претставници од Агенцијата за електронски комуникации.

Вицепремиерката Грковска истакна дека од исклучително значење за Република Северна Македонија е сите проекти кои, преку странски партнери се реализираат во земјава, да бидат меѓусебно координирани и комплементарни, за да не дојде до преклопување, но и за да се зголеми нивната ефикасност, стои во соопштението.

Таа истакна дека естонската Академија за е-Владеење, со поддршка на Европската унија веќе започнува нов проект за сајбер безбедност во земјава, поради што е важно тимот на e-GA да биде во постојана координација со претставниците на УСАИД кои веќе заедно со Владата работат на зајакнување на сајбер одбраната од повеќе аспекти.

Раководителката на програмата за сајбер безбедност во e-GA, Мерле Маигре нагласи дека откако e-GA со поддршка на Европската унија направи анализа на состојбите во земјите од регионот на Западен Балкан, проектот влегува во втора фаза која значи преземање на конкретни активности и мерки во Северна Македонија. Тоа, истакна Маигре, е многу важно имајќи ја предвид безбедносната состојба со која се соочуваме во моментов, односно нападот на Русија врз Украина.

Во таа насока министерот Алити истакна дека врз основа на анализата на e-GA за состојбата со сајбер безбедноста во земјите од Западен Балкан, Република Северна Македонија веќе постапува на критичните аспекти за изградба на сајбер безбеден еко систем.

Претставничката од УСАИД Дон Кармин, ја поздрави иницијативата на вицепремиерката Грковска и нагласи дека редовната координација со E-GA ќе биде од големо значење во реализацијата на проектите.

Проектот на УСАИД во делот на сајбер безбедноста се фокусира на неколку клучни аспекти, а тоа е енергетиката, банкарството и финансиите, како и комуникациите и технологијата, но и на градење на дигитална отпорност на системот. Исто така, претставниците од УСАИД оценија дека треба да се посвети внимание и на јакнење на капацитетите на универзитетите и факултетите.

Вицепремиерката Грковска, како што се посочува, оцени дека свеста за сајбер безбедноста треба да се јакне на сите нивоа, вклучително и кај официјалните лица и раководителите на државни институции.

На крајот на состанокот беше договорено преку координација на Кабинетот на вицепремиерката Грковска да има редовни состаноци кои ќе се одржуваат еднаш месечно, стои во соопштението.

 

Next Post

Борисов: Пред пет години, Заев и јас покажавме храброст и одговорност за иднината потпишувајќи го Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk