ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов и напиша на Арсовска Упатство за користење на Градски Енергетски Системи: Сепак, ГЕС не е тартан

August 2, 2022 09:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и напиша на сегашната градоначалничка Данела Арсовска, како што вели, Упатство за користење на Градски Енергетски Системи (ГЕС) – кратка верзија.

„Упатство за користење на ГЕС (Градски Енергетски Системи) – кратка верзија:

  1. Аплицираш и добиваш лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. Надминат е проблемот со БЕГ и сега лиценцата може да се добие.
  2. Во истиот момент, стануваш дел од билингот (наплатата) и со наплатените сметки претпријатието станува доходовен субјект. Трошоците на производство не се на ГЕС, туку на ТЕТО, така што немаш потреба да купуваш гас за неговото функционирање.
  3. Мрежата е стасана до Ист Гејт. Со 600-800 метра цевковод, ја спојуваш мрежата со онаа на ЕСМ која функционира во Железара и Гази Баба.
  4. Помалку од 2 километра цевковод (по трасата на бул. Хрватска) се потребни да се спои системот со Топлана Север. Така целиот град го ставаш (изедначуваш) во техничката можност за дистрибуција на топлинска енергија.
  5. (Не е задолжително). На северниот дел од градот распишуваш концесија за гасна електрана (топлинска енергија е нус продукт на процесот, исто како ТЕТО). Таму секако поминуваат четири 110kw кабли и е блиску конекцијата до трафостаницата кај Радишани (една од главните во градот).

Вака за период од 10-15 години (ако ја правиш новата енергана, ако не за помалку од 3 години), стануваш фактор во енергртската политика и созадаваш можност за организирано и евтино затоплување на домовите. А да, стратешки решаваш и аеро загадување од затоплувањето.

И да. Многу е поедноставно да ги избркаш луѓето и да го згаснеш ГЕС, затоа што во реализација на кратково упатство има бајаги работа, детали, управување со процеси и луѓе. Има дури и експропријација .

Сепак, ГЕС не е тартан …“, наведува во објавата Шилегов.

Сите вработени од претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС) си дале отказ. Причината е што три месеци не земале плата, а подолг период не биле ниту здравствено осигурани. Причината е што три месеци не земале плата, а подолг период не биле ниту здравствено осигурани. Директорот Гоце Трпчевски за порталот СДК.мк изјави дека АД ГЕС Скопје се наоѓа во многу незавидна состојба поради незаинтересираноста на градоначалничката Данела Арсовска. И покрај постојаните барања за средба, со Арсовска се виделе само еднаш, лани во ноември непосредно при нејзиното доаѓање на функцијата. Тогаш Арсовска побарала да се достави извештај за досегашнато работење на ГЕС и потоа ниту еднаш не одговорила на нивните повици и оставени се без пари.

Градоначалничката Арсовска обвини дека во ГЕС три години ништо не работеле, а трошеле пари.

„Некој кој формираше претпријатие во кое 3 години вработените трошеле пари на граѓаните за високи плати не работејќи ништо, најмалку што треба да направи е да се скрие од јавноста наместо да ја истакнува својата неодговорност кон средствата на граѓаните во време на криза. ГЕС, неговиот управен одбор, директор и вработени за 3 години потрошиле повеќе од милион евра пари на граѓаните без да реализираат ниту една активност“, напиша Арсовска на Фејсбук.

Јавното претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“, беше основано во 2018 година со одлука на Советот на Град Скопје.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Спасовски од Гумење: Најдобриот начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk