Министерката за правда, Рената Дескоска, во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, истакна дека барањето на опозицијата да се бира Јавен обвинител по предлог на опозицијата не е возможно, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ има лица кои се лично засеганти во предмети на СЈО.
Постојано гледате дека нивното клучно барање е да ги затворат предметите од СЈО, значи да престане гонењето, сега се повикуваат дека имало, па не постоеле кривични дела поврзани со комуникациите. Со оглед на тоа што сите опструкции ги видовме во текот на судските процеси навистина е недозволиво луѓе што се лично засегнати од овие судски постапки да им дадете тие да се обвинуваат сами со свој обвинител и потоа да се тера судската постапка.
Дескоска: Од една страна е желбата за ефикасен систем, од друга е желбата некој да се спаси