ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јубилејно 50. издание на „Лице в лице“: Инвестирањето во инклузивни работни места значи и позадоволни вработени

August 3, 2022 11:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
mockups-design.com

mockups-design.com

Share on FacebookShare on Twitter

Постои одржливо решение за компаниите кои се соочуваат со недостаток на работна сила, кое обезбедува повеќе бенефити. Отворените работни позиции може да бидат одговорени од постоечки работен потенцијал кој треба да биде соодветно насочуван. Најважната улога треба да ја имаат професионалниот и социјалниот ментор, чија цел, преку синергиската поврзаност, е успешно интегрирање на потешковработливите лица на пазарот на трудот.

Ова е само една од пораките на јубилејното 50-то издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе од печат и е посветено на тема: создавање услови за инклузивни работни места.

Според консултантот за одржлив развој и меѓусекторски партнерства, Небојша Илијевски, интензивната миграција на работната сила кон западните земји, донесе и неочекувана, колатерална придобивка за земјава, па присилени да се снаоѓаат за да ги пополнат работните позиции што остануваат празни, менаџерите на компаниите се фокусираа на пазарот на труд на кој досега се гледаше на пејоративен начин, осуден на неуспех – лица со попреченост, жртви на насилство, младинци од улица, лица што се лекуваат од зависности, поранешни затвореници…

– Вообичаено, компаниите вклучуваа ваква работна сила во рамките на својата општествена одговорност, или како одговор на понудените субвенции од државата. Голем дел од ваквите вработувања придонесуваа лицата од маргините да се вработени, а најчесто без работа, без поддршка и со често несензибилизиран однос од газдите и од колегите. Најчесто тие брзо се откажуваа од работата правејќи си дури и поголем проблем во однос на визијата за сопствената можна улога во општеството, вели Илијевски за „Лице в лице“.

Тој додава дека токму програмата социјално менторство е директен, афирмативен одговор на овој проблем со кој живееме со децении и дека се вклопува во моментната ситуација на пазарот на труд за да им понуди на компаниите одржливо решение за отворените работни позиции.

– Ако досега разговаравме на начин на кој компаниите беа замолувани да ги земаат овие наши сограѓани како работна сила, сега сме во позиција на компаниите што стануваат сè поотворени, што се уверат во работните способности на оваа работна сила, да им понудиме работници во согласност со нивните потреби и со капацитети што беа развивани во текот на подолг временски период. Дополнително, компаниите добиваат крајно неочекувана услуга – директна поддршка на менаџерскиот тим, колегите и на самиот вработен што има цел задржување на работното место и постојано унапредување на способностите на работникот, нагласува тој.

Искуствата покажуваат дека за секого има соодветно работно место, важно е само да се препознаат афинитетите кај поединците, нивните потенцијали, да се направи приспособување на нивните потреби и да се работи на промена на одредени навики што го отежнуваат задржувањето на пазарот на труд.

– Инвестирањето во инклузивни работни места и во инклузивен пазар на труд значи позадоволни вработени. Таквите вработени посреќни си заминуваат дома и стануваат подобри за своето семејство, околина. Јас верувам дека инклузивните работни места носат придобивки за општеството на долг рок зашто ваквиот пристап не создава само подобри работници, туку и подобри луѓе и подобри и поконструктивни граѓани, нагласува Марина Миладинова за „Лице в лице“, една од управителите на „Албатрос“.

Отворањето на бизниси во земјава за создавање инклузивна работна средина, бизниси свртени кон вработените и кон животната средина, освен кон профитот, е, исто така, промена на патот кон создавање поодржливо општество, вели Климентина Илијевски, главна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, иницијатор на програмата социјално менторство.

Јубилејното, 50-то издание ја означува и јубилејната 10-годишнина од основањето на платформата за одржлив развој „Лице в лице“. По тој повод до крајот на годината ќе се одржи и настан со кој ќе се одбележи партнерското дејствување на сите пријатели, поддржувачи, сојузници на „Лице в лице“, кои низ годините наназад се приклучуваа на мисијата за кокреирање инклузивно и праведно општество.

Низ бројки, 10-тиот роденден на „Лице в лице“ се одбележува со 50 изданија, 3.200 инклузивни страници, 150 вредни продавачи низ улиците на осум градови во земјава, 250.000 испечатени примероци и огромен број соработници и поддржувачи.

Next Post

Украина ја напуштиле 10 милиони лица од почетокот на руската инвазија, борбите продолжуваат

Shortcut

Најново

Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk