Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода А.Б.(34) од скопското село Арачиново.
Министерството за внатрешни работи информира дека тој бил баран заради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
-Лицето ќе биде спроведено во установата за издржување на казната, соопшти МВР./MИА/.