Ростуше знае дека со Медат Куртовски развојот продолжува и во следните четири години, порача Димитар Ковачевски на средбата со жителите на ова населено место, соопшти СДСМ.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека досега изградени се потпорни и заштитни ѕидови, се прошири и реконструира локалниот пат до Ростуше, изградена е нова општинска административна зграда, извршено е уредување на дел од општински простории во Ростуше кое веќе се користи како инфо центар, а најмногу го користат туристите.
„Во наредниот период, со Куртовски како градоначалник, ќе се изврши реконструкција на училишната зграда и каптажи за вода. Ростуше ќе добие нов паркинг простор, а ќе се уреди и патот до маалото Лајсовци. СДСМ со Куртовски докажа дека работи за сите граѓани подеднакво. Ги развива сите населени места во општината и работи за сите граѓани кои живеат тука, без разлика на нивната верска, национална или партиска припадност“ – порача Ковачевски пред жителите на Ростуше.
Денешната агенда во Маврово и Ростуше, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ја заврши со посета на населеното место Јанче и средба со тамошните жители.
„Секое место, без разлика дали е помало или поголемо, заслужува да чекори по патот на развојот, а тоа го овозможи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. Во Јанче асфалтиран е мостот за влезот во селото. Со ова се санирани оштетувањата на мостот и се подобри движењето на возилата. Во наредниот период ќе следува, реконструкција на патот од мостот до центарот на село, ќе се регулира суводолица низ село, ќе се уреди простор во училиштето за музеј и ќе се исчистат и уредат дивите депонии“ – порача Ковачевски
Претседателот Ковачевски посочи дека Маврово и Ростуше општина која изобилува со раскошна убавина, заслужува градоначалник кој го препознава потенцијалот на овој крај и работи за негов просперитет, а тоа е токму Куртовски.
„Јанче својот избор веќе го има направено и на 20 август, жителите ќе ја потврдат довербата за Медат Куртовски и СДСМ,“ заклучи Ковачевски.