ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Ако ги искористиме потенцијалите од европските интеграции, невработеноста може да падне на 8 отсто

–Главната цел на оваа обемна долгорочна студија е да обезбеди рамка за интегрирање и креирање политики на долг рок, во рамките на неколкуте декади пред нас, кои се засноваат врз емпириски докази, имајќи го во предвид влијанието на реформите и самиот процес на пристапување во ЕУ, истакна Османи во своето воведно обраќање, посочувајќи на содржината на студијата која обезбедува јасна слика за потенцијалите кои ѝ се отвораат на земјава во процесот на европски интеграции.

January 28, 2020 13:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европските интеграции нудат можност за долгорочен и стабилен развој, истакна вицепремиерот Бујар Османи во Брисел во обраќањето на панел – презентацијата на студијата насловена „Европскиот пат на Република Северна Македонија: Постигнување на побрз, поинклузивен и одржлив раст“, која претставува заеднички проект на Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на УНДП во Скопје.

–Главната цел на оваа обемна долгорочна студија е да обезбеди рамка за интегрирање и креирање политики на долг рок, во рамките на неколкуте декади пред нас, кои се засноваат врз емпириски докази, имајќи го во предвид влијанието на реформите и самиот процес на пристапување во ЕУ, истакна Османи во своето воведно обраќање, посочувајќи на содржината на студијата која обезбедува јасна слика за потенцијалите кои ѝ се отвораат на земјава во процесот на европски интеграции.

Тој посочи дека доколку се потпреме само на сегашниот тренд на намалување на невработеност, може да очекувамe стапката на невработеност во 2035 година да се намали на 14 отсто, но доколку ги искористиме потенцијалите кои ни ги нудат европските интеграции, постои остварлива можност невработеноста да ја намалиме на историски ниско ниво од само 8 отсто.

-Преку имплементацијата на реформите, но и преку ефикасно искористување на соодветните европски фондови, имаме реална и опиплива можност да постигнеме стабилен и континуиран раст на Бруто домашниот производ, преку кој до 2050 година можеме да го достигнеме просечното ниво на економски развој на земјите – членки на ЕУ, посочи Османи.

Тоа, според него, не е краток период, но стабилниот развој ќе значи континуиран раст на примањата, унапредување на услугите на државата, подобро здравство, подобро образование – сѐ на сѐ, подобар стандард за граѓаните.

Наоди од студијата, пред присутните гости беа презентирани од страна на Фатмир Бесими, советник за економски прашања при Владата на Република Северна Македонија и поранешен вицепремиер за европски прашања, кој воедно е и еден од нејзините автори.

На панелот покрај Османи се обрати и постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, раководител на Одделението за Република Северна Македонија и Косово при Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), ДејвидКулен,како и претставникот на канцеларијата на УНДП од Брисел – Томас Дедерувардер.

Панел презентацијата во Брисел, како што информираат од СЕП, ја следеа голем број присутни ЕУ амбасадори и постојани претставници во Брисел на земјите – членки, бројни делегатите од работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), европарламентарци, претставници на генералните директорати кои се задолжени да ги следат состојбите во Северна Македонија и Западен Балкан, претставници од кабинетите на новите комесари при Европската Комисија, како и други претставници на меѓународни и регионални организации и членови на тинк-тенк групи со седиште во Брисел. 

Next Post

Гинекологот што го најде Министерството за здравство, си замина од Шуто Оризари

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk