ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Националната Гарда на Вермонт му додели „Медал за заслуги“ на Пендаровски

August 17, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку обука на припадниците на двете армии, реализација на заеднички вежби, како и заедничко учество во мировни мисии беа тема на разговорор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

САД се наш клучен поддржувач од нашата независност до денес, а соработката во областа на одбраната која почнува од самото формирање на нашите вооружени сили во 1992 година постојано се унапредува и продлабочува, истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Како потврда за одличната соработка, се посочува, беше посочено заедничкото учество на воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак, спонзорирана од Армијата на САД во Европа заедно со силите од шест други членки на НАТО, а на која учествуваа околу 4.600 војници.

На средбата стана збор и за Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година и другите билатерални правни аранжмани, коишто обезбедуваат широка рамка за соработка, при што беше посочено дека имa потенцијал за продлабочување на стратешкото партнерство, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот.

На средбата и претходеше свеченост во Кабинетот на Претседателот на која генерал-мајорот Грегори Најт му додели „Медал за заслуги“ на претседателот Пендаровски за особени достигнувања во периодот од 12 мај 2019 година до 9 јули 2022 година, како извонреден и важен поддржувач на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт, се наведува во соопштението.

Next Post

Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk