Полициски службеници од СВР Струмица во саботата вечерта во 23.50 часот во Струмица, го лишиле од слобода А.И. (47) од струмичкото село Добрашинци.
При преглед кај него и во неговото возило „Шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што посочуваат од МВР, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.