Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ рече дека бидејќи протестот против одржувањето на Европрајд во Белград во неделата го воделе моторџиите „Ноќни волци“, му било јасно дека зад организацијата на Литијата стои руската воена разузнавачка служба ГРУ, пренесува српски Н1.
Коментирајќи го протестот „Литија за спас на Србија“, на кој банатскиот владика Никанор изјави дека пример за односот кон хомосексуалците е рускиот претседател Владимир Путин, кого го нарече „царот на планетата земја, Јанњиќ вели дека според тоа кој го предводи протестот (владиците и „Ноќните волци“), јасно е дека позади тоа е ГРУ.
Тој додаде дека војната во Украина и последиците што таа ги предизвика е можност за „корекција“ на надворешната политика и зависноста од енергетиката од Русија, додавајќи дека „Русите не нè принудија да станеме зависни од енергијата со тенкови, туку дека Србија е во слична позиција како и другите земји од Европската унија.
На вториот по ред собир во текот на август што се одржа во Белград, именуван како „Литија за спас на Србија“, граѓани носеа црковни икони, фотографии од Владимир Путин.
Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече одлуката за неодржување на Европрајдот во Белград во септември веќе е донесена. Нема да има промена на одлуката за забрана за одржување на манифестацијата од 12 до 18 септември, посочувајќи дека не постојат безбедносни услови за нејзиното одржување.
Подготви. Ј. Ѓ.