ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Настанот Get EXITed во Струмица пред повеќе од 20.000 посетители, ги надмина сите очекувања!

September 8, 2022 14:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Eгзит Get EXITed Струмица. Фото: Промо

Eгзит Get EXITed Струмица. Фото: Промо

Share on FacebookShare on Twitter

Големиот Get EXITed настан во Струмица пред повеќе од 20.000 посетители ги надмина сите очекувања. Журката ја посети и градоначалникот на Струмица Коста Костадинов, кој го потенцираше значењето на овој настан во овој момент.

„Струмица вечерва слави, во очи на големиот 8 септември, ни се случува прекрасен и спектакуларен настан за каков што досега само сонувавме. Вечерва во Струмица се случува Get EXITed и не треба да се трошат зборови за да се сфати вистинското значење на овој музички настан“, рече Костадинов.

Основачот и директор на „Егзит“ Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за фестивалот кој ќе се одржи во 2023 година – „ЕГЗИТ фестивалското семејство во моментов е една од најбрзорастечките фестивалски групации на светот со 12 фестивали во седум држави. Сигурни сме дека сите предуслови се тука за и Македонија да добие еден голем фестивал каков што заслужува. Од 20-годишното работно искуство со ЕГЗИТ, гледам дека тука е присутна енергијата која е потребна за да се случи еден таков фестивал“, проценува Ковачевиќ.

Егзит Get EXITed Струмица. Фото: Промо

Дел од Get EXITed музичкиот спектакл беше и своевидната винско-гастрономска програма која ги претстави најдобрите винарии и локални произведувачи на традиционалните специјалитети од македонската кујна. Целиот проект е реализиран со поддршка на Владата на Македонија и Општина Струмица, како продолжение на саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржа пред неколку дена во Белград, а во рамки на проектот „Отворен Балкан“ кој пружа простор за унапредување на туризмот и културната соработка на соседните земји во регионот.

Оваа летна забава за паметење направи одличен вовед за покренување на големиот Егзитов фестивал во Македонија, кој е планиран за следната година и кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот, која веќе првата година ги пополни сите сместувачки капацитети во Струмица и околината.

Егзит Get EXITed Струмица. Фото: Промо

ЕГЗИТ е најголемата организација во музичката индустрија на Југоисточна Европа, која покрај самиот Егзит, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, има 12 свои фестивали во седум земји. До сега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Ековејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Мисијата на „Егзит“ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и збогатување на културната понуда преку развојот на креативните индустрии и фестивалскиот туризам.

 

Извор: Слободен Печат

Next Post

Костадиновска-Стојчевска во Прага со Храст: Пријателските односи ќе ги зацврстиме со конкретни проекти меѓу институциите и уметниците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk