ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ-Бек: Приоритет на чешкото претседателство е заеднички да ги надминеме предизвиците

September 8, 2022 19:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамки на неговата официјална посета на Република Чешка, оствари средба со неговиот колега, министерот за европски прашања на Република Чешка, Микулас Бек, на која разговараа за следните планови и чекори на чешкото претседателство со ЕУ.

Неслучајно на Денот на независноста сум во работна посета на Чешка, која почетокот на своето претседавање со ЕУ го обележа со отворањето на преговорите на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија, рече вицепремиерот Маричиќ на состанокот изразувајќи го своето задоволство за остварувањето на тој историски момент за Северна Македонија.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ и Бек се согласија дека во вакво турбулентно време најважно е да се негуваат добри односи и да се има вистински пријатели, со кои заеднички ќе се надминат предизвиците со кои се соочува Европа.

Чешка е наш партнер и остануваат отворени да помогнат на земјите од Западен Балкан да се приближат до Унијата и регионот да биде дел од дијалогот за решавање и надминување на кризите, вели Маричиќ.

Чешкиот министер за европски прашања, Бек, посочи дека Република Чешка е искрен пријател и силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтегративниот процес и дека така ќе биде и во текот на нивното претседавање со Унијата.

Во вистински момент направивте вистински чекор. Ви честитам за отворањето на преговорите со Европската Унијата и среќен сум што тоа се случи за време на нашето претседавање со ЕУ. истакна чешкиот министер Бек.

Вицепремиерот Маричиќ, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, се сретнаа и имаа одлична дискусија со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања, Ондреј Бенешик, претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл и пратеничката Зденка Немечкова Црквењаш.

На состанокот разговараа за почетокот на преговорите на Северна Македонија со Унијата и последните подготовки кои ги правиме за скрининг процесот, со фокус на одличната соработката која Северна Македонија ја има со Чешка и можностите за нејзино интензивирање во делот на евроинтеграциите.

Имаме соработка на високо ниво, a својата поддршка Чешка ја покажала во клучните временски периоди, во време на мигрантската и здравствената криза, истакна Маричиќ на состанокот.

Next Post

(ВО ЖИВО) Централна прослава на „8 Септември - Денот на независноста“

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk