Украинскиот систем за воздушна одбрана е уникатен и не постои таков никаде во светот, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат во интервју за вестите на РБЦ-Украина, пренесува Укринформ.
„Ние всушност создадовме уникатен систем за противвоздушна одбрана кој не постои никаде во светот. Се бориме со стари советски системи, користејќи различни тактички техники. Развивме систем за предупредување. Ние се спротивставуваме на проектилите благодарение на системите за противвоздушна одбрана, борбените авиони и MANPADS – луѓе со преносливи системи за воздушна одбрана се стационирани низ целата земја и тие исто така мора да реагираат и да пресретнат проектили. Има пунктови за визуелно набљудување“, рече Ихнат.
Тој додаде дека воздушната одбрана на Украина треба да се зајакне со модерно оружје. Во блиска иднина Украина ќе добие тешки системи од западните партнери, но тоа сепак не е доволно, рече Ихнат.
„Што треба да се направи? Треба да го зајакнеме нашиот систем за противвоздушна одбрана со нови современи средства што ни се во служба. Тоа се, особено, NASAMS и IRIS-T. Од сојѕзниците ги очекуваме тешките системи за противвоздушна одбрана од западниот модел“, рече Ихнат.
Подготви: Ј. Ѓ.







