ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преговорите со Северна Македонија и Албанија приоритет на Еврокомисијата за 2020 година

Европската Унија е посветена да го продлабочи партнерството со Западниот Балкан, регионот со кој дели многу. Кредибилна пристапна перспектива за регионот е од огромно стратешко значење за Европската Унија и за самиот регион, ова ќе биде потврдено во придонесот на Комисијата на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020, стои во работната програма на Еврокомисијата за годинава

January 29, 2020 14:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска ја усвои својата работна програма за 2020 година, во која меѓу приоритетите се наведени и започнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, работната програма на Европската комисија опфаќа конкретни чекори кои извршното тело на ЕУ ќе ги преземе во текот на годината за да ги оствари политичките заложби формулирани на почетокот на мандатот. Тоа се еколошката транзиција, дигиталното општество, поголема одржливост на економијата, како и посилна улога на Европската Унија на глобалната сцена.

Токму во овој дел се наоѓа и проширувањето и поспецифично старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во 2020 година.

– Европската Унија е посветена да го продлабочи партнерството со Западниот Балкан, регионот со кој дели многу. Кредибилна пристапна перспектива за регионот е од огромно стратешко значење за Европската Унија и за самиот регион, ова ќе биде потврдено во придонесот на Комисијата на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020, стои во работната програма на Еврокомисијата за годинава.

Европската комисија ветува дека ќе „продолжи да притиска за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“, а паралелно ќе се посвети на подобрување на процесот на зачленување во ЕУ, преку нова методологија и засилена инвестициска рамка.

Западниот Балкан и Африка се главните приоритети на оваа Европска комисија во делот на надворешната политика и улогата на ЕУ во светот. ЕУ ќе „продолжи да се бори“ за „поредок заснован на правила“ и сите иницијативи на работната програма ќе имаат силна надворешна димензија за да се зајакне геополитичката улога на Европската комисија.

– Оваа Комисија е посветена да се справи со генерациските предизвици како климатските промени, дигитализацијата и миграцијата, посветени сме да испорачаме за Европскиот зелен пакт и да ги подобриме шансите на европските граѓани и бизниси во дигиталната трансформација, оваа работна програма ќе помогне да се изгради Унија, која се стреми кон повеќе, соопшти претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Работната програма за 2020 првпат содржи и долгорочни перспективи за да се обезбеди улогата на ЕУ на глобалната сцена на траен начин, порача еврокомесарот задолжен за интеринституционални прашања, Марош Шефчович.

Next Post

(Фото) По евакуацијата на Скопје сити мол

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ