ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Букурешт министрите Спасовски и Боде, потпишаа два документа за зацврстување на соработката

September 15, 2022 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Букурешт, на покана на неговиот романски колега Лучијан Никола Боде ја предводи делегацијата од МВР која е во официјална посета на Романија.

Во рамки на посетата, е реализирана средба помеѓу двајцата министри Спасовски и Боде, на која досегашната билатерална соработка меѓу двете Министерства за внатрешни работи е оценета како плодна и отворена, со желба за понатамошно развивање со зголемен интензитет, како резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји и заедничката позиција во спротивставување на актуелните безбедносни закани, одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на нашите граѓани и држави.

Во делот за справување со илегалната миграција, како предизвик со кој се соочуваат сите држави, се наведува во соопштението од МВР, министерот Спасовски потенцирал дека во првата половина на 2022 година обидите за илегални преминувања во Северна Македонија бележат опаѓачки тренд за 8,3 проценти, а во поглед на борбата против криумчарењето мигранти годинава државата бележи зголемување од 72 проценти на криумчарените мигранти.

Во врска со случувањата во Украина, соопштија од МВР, било посочено дека земјата презема соодветни мерки со цел олеснување на влезот во државата на основа на хуманитарни причини и престојот на оние кои не се во состојба да обезбедат приватно сместување.

Министрите Спасовски и Боде за меѓународната полициска соработка помеѓу двете земји оцениле дека се реализира на високо професионално ниво преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.

– Тоа подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на криминал, изразувајќи уверување за континуирано зацврстување на партнерството во понатамошните активности во областа на безбедноста, за што дополнително ќе придонесе и  Статусниот договор со Европската Агенција за гранична и крајбрежна стража, кој се очекува да биде потпишан набрзо, преку кој дополнително ќе се зајакнат напорите во спречување на илегалната миграција, различните видови на прекуграничен криминал и интензивирање на меѓународната и европска соработка, информираат од МВР.

Во рамки на средбата, како уште еден показател за одличната билатерална соработка двајцата министри го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зацврстување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција, со кој се испраќа сериозна заедничка порака за сузбивањето на коруптивното однесување на полициските службеници и другите вработени лица во надлежните органи како и организираните криминални групи кои се бават со овие незаконски активности.

Во насока на зајакнување на меѓусебната соработка, пак, бил потпишан и Меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки кои имаат за цел реализација на програми за размена стручен кадар и кадети, размена на искуства и податоци, изработка на заедничка програма за обука, како и спроведување заеднички обуки и проекти.

На маргините на официјалната посета на романското МВР, делегацијата на Министерството за внатрешни работи преку посета и презентација имаше можност да се запознае со работењето на Оперативниот координативен центар на граничната полиција на Романија.

На агендата на министерот Спасовски за време на престојот во Букурешт, каде е и седиште на СЕЛЕК – Центар за спроведување на Законот во Југоисточна Европа, закажана е и средба со генералниот директор на СЕЛЕК, Огуш Серкан Акин.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

НАЈНОВО

ВИ

„Чет-ГПТ“ најавува содржина за возрасни: Ќе дозволи и еротика за верификувани корисници

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп предлага САД да го забранат увозот на кинеско масло за готвење

October 15, 2025

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk