Жестока расправија меѓу градоначалничката Данела Арсовска и советникот Луке Галевски од редовите на ВМРО ДМПНЕ имаше денеска на самиот почеток на седницата на Советот наменета за советнички прашања.
Галевски на денешната седница и постави прашање на градоначалничката Данела Арсовска за тоа дали има поврзаност со Акрем Керим, чија компанија од Турција исто така учествувала на тендерот за прочистителна станица со 20 милиони евра пониска понуда, за којуа во медиумите се дознало пред отворањето на понудите.
Советниците кои претходно и поставија прашања, Арсовска им рече дека ќе им одговори писмено, но на Галевски одлучи да му одговори усно.
„Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие“, кажа Арсовска во нејзиното обраќање.
И таа го праша Галески како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.
„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер“, рече Арсовска.
Извор: ЦивилМедиа