ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Тренчевска: Ние, жените во политиката, кои исто така не сме поштедени од насилство, уште похрабро и одлучно да застанеме против него

September 16, 2022 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар.

Како што информираат денеска од МТСП, министерката Тренчевска во своето обраќање ја посочи родовата еднаквост како исклучително актуелна тема во секојдневниот живот, со посебен акцент на прашањето за учеството на жените во политиката.

Република Северна Македонија има одлични резултати кога станува збор за застапеноста на жените во политичките партии, но и процентот на застапеност на жените во Парламентот и во Советите на единиците на локалната самоуправа. Но, не може да се пофалиме со застапеноста на жените како градоначалнички и учеството на жените во извршната власт. Ова е еден предизвик исправен пред сите нас, каде заеднички мора да дејствуваме за да ги промениме состојбите, рече Тренчевска.

Таа посочи дека зголемувањето на учеството  на жените во законодавната и извршната власт има големо влијание за зајакнување на позицијата на жените во сите области на општественото живеење. Но, истовремено и соочување со се поголемо присуство на насилство и говор на омраза кон жените во политиката.

Насилството врз жените не препознава политичка партија, етничка припадност, верска определба, место на живеење, образовен и социјален статус, рурална или градска средина. Ова навистина сензитивно прашање ги обединува сите жени кои се занимаваат со политика на кое било ниво, од локално и централно ниво, женски форуми, пратенички, министерки. И токму позицијата да се биде во политиката е можност да се влијае, да се сменат работите во општеството. Тоа можеме само ако сите ние зборуваме гласно, одлучно и во секоја прилика работите ги кажуваме отворено. Затоа што молкот го охрабрува насилникот, да продолжи уште позасилено да применува насилство во сите негови форми, истакна Тренчевска.

Таа се осврна на се уште присутниот страв од стигматизација, негативен публицитет и срам од што ќе помислат другите, што пак, како што нагласи, упатува на тоа дека имаме многу премолчани обиди за насилство или пак веќе сторено насилство, како и дека за ефективна борба против насилството на жените во политиката  неопходно е да постои синергија помеѓу сите чинители и одреден степен на политичка зрелост.

Потребно е и законодавство кое ќе го регулира насилството врз жените во општеството. Токму во таа насока како Министерство минатата година го подготвивме, а Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, чии што одредби јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата преку сеопфатни и интегрирани политики одлучно се посветува на превенцијата  и заштитата на жртвите на родово базирано насилство врз жените и на семејно насилство, потенцираше Тренчевска.

Таа нагласи дека со постојано гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата против насилството. Притоа се осврна на кампањите како актуелната „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“ која е  потсетник дека гласноста и преземањето конкретни активности се најмоќните оружја за искоренување на сите форми на насилство.

Во име на сите жени во општеството, токму ние, жените во политиката, кои исто така не сме поштедени од насилство, треба уште похрабро и одлучно да застанеме во борбата против насилството. Солидарни и заеднички да го осудуваме секој акт на насилство и да ги пријавуваме и јавно да ги осудуваме насилниците. Затоа што само ако сме единствени и обединети, независно од политичката партија од која доаѓаме, од етничката припадност и останатите наши различности, нашата сила ќе биде незапирлива. Ќе ги руши сите стереотипи и ќе го движи општеството напред, порача Тренчевска. 

Next Post

Утре во Градски парк прослава по повод 30 години германско-македонска соработка

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk