ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница во Чешка

September 19, 2022 16:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница што треба да се одржи на почетокот на октомври во Чешка. Турција и Обединетото Кралство исто така „треба да бидат поканети“ на состанокот, којшто треба да ги собере лидерите на 27-те и оние на земјите кандидати за членство или соседните земји во Прага на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Стразбур.  

На состанокот во Прага, за првпат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, ќе се најдат за да зборуваат на рамноправна основа, што е многу важно за земјите од соседството на ЕУ, вели француската државна секретарка за европски прашања Лоранс Боон.

Тоа ќе биде истовремено политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави сорабока која се однесува на сите, на пример во областа на енергијата или безбедноста, но исто така да се испрати и геополитички сигнал, Европа, во себе е носител на социјален модел, на вредности, кои се уникатни во светот но кои се загрозени денес, и значи многу е важно да се отвори динамика на обединета географска зона. А потоа, секој може да му даде на проектот форма и содржина, вели француската државна секретарка за европски прашања во однос на првиот состанок на Европската политичка заедница, кој треба да се одржи на почетокот на октомври  во Прага, вели таа.

Лоранс Боон не потврдува дали Турција ќе биде поканета на состанокот. Бидејќи не е Франција таа која ги испраќа поканети.

Покрај земјите-членки на ЕУ, лидерите на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија), Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Украина, Молдавија, Исланд, Грузија, Турција , Ерменија, Азербејџан и Лихтенштајн треба „наскоро“ да добијат покана, според еден од овие извори.

„Овој список е конечен“, изјави европски дипломат. Друг дипломатски извор повнимателно рече дека „консултациите продолжуваат“.

Овој проект за платформа за политички дијалог и соработка беше лансиран од францускиот претседател Емануел Макрон и одобрен во јуни за време на самитот на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за иницијативата на крајот на август.

Првиот состанок ќе се одржи на ниво на шефови на држави и влади на 6 октомври во Чешка, земја која претседава со Советот на ЕУ, во пресрет на самитот на 27-те.

Тоа треба да овозможи „политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент“, „главно војната на Русија против Украина, енергетската криза и економската ситуација“, се подвлекува од европски извор.

Состанокот ќе биде во форма на пленарна сесија, тркалезни маси, билатерални состаноци и завршна вечера. Оваа европска политичка заедница не претставува алтернативно решение за проширувањето на ЕУ, инсистира истиот извор.

Во својот говор пред француските амбасадори на 1 септември, Емануел Макрон објасни дека Европската политичка заедница треба да се состанува на секои шест месеци. 

Next Post

Руската војска бега од Украина, го оставиле својот „непобедлив“ супертенк во шума кај Харкив

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk