ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ударите кои ги задала обвинетета Клементина Левковска не придонеле кон смрта на Денис Тот, смета одбраната на обвинетата

September 26, 2022 14:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ударите кои ги задала Клементина во никој случај не можат да придонесат за смрт, смета одбраната на обвинетата Клементина Левковска во врска со случајот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк.

Одбраната на Левковска, во изјава за медиуми по денешната расправа од случајот пред Кривичниот суд во Скопје кажа дека сметаат дека квалификацијата на кривично дело „убиство“ кое ѝ се става на товар на обвинетата е неосновано.

Ние ја брнаиме дека го нема направено кривичното дело што ѝ се става на товар, изјави адвокатот Бојан Василевски.

Одбраната не сакаше да ги коментира тврдењата на вештите лица и посочи дека во вештачењето стои дека е друга причината на смрта.

Тврдењето и вештачењето на денешните излагања на вештите лица се релативизира откако им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано. Се релативизира како е настаната таа повреда, имаме уште две лица за испрашување, ќе видиме понатаму, беа согласни адвокатите Бојан Василевски и Емил Гугутчески.

Согласно обвинителниот акт, Левковска, заедно со обвинетите Анџело Ѓоргиевски и Андреј Костовски се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Денешното рочиште за случајот продолжи со изведувањето на доказите на обвинението со сведочење на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје.

Вештите лица на денешното рочиште беа согласни дека повредите кои ги задобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и истите се поврзани со смртниот исход на оштетениот.

Како причина за смрт наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа, како критична повреда од настапување на смрт врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот е повредата на почетен дел од рбетниот мозок, појасни вештото лице Александар Станков.

Вештото лице Рената Јанкова кажа дека некои повреди може да се квалификуваат изолирано, па потоа да се зборува за севкупно дејство на повредите.

Меѓутоа, ако ги разгледуваме поеиднечно, на пример една од повредите, да ја земеме повредата која што довела до неконкретна скршеница на носната коска, може да биде телесна повреда, меѓутоа, ако истата таа повреда довела до потрес на мозокот во тешка форма, тогаш е тешка телесна повреда, рече таа.

Тие беа вкрстено испрашани и од одбраната на обвинетите во однос на подробни прашања во врска со наводите од извештаите за вештачење и обдукција, а обвинетиот Анџело праша дали е утврдено од кој тапотврд удар е доведено до ротација на главата и повреда на рбетниот мозок.

Не можеме да го конкретизираме. Ние можеме да знаеме само тоа што ќе го видиме и да ги знаеме механизмите, тоа е во доменот на нашата струка, одговори вештото лице Јанкова, дополнувајќи дека ако можело да се утврди, вештите лица би се произнеле по тоа.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Судењето продолжува на 3 октомври.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Таравари: Доколку пристигне понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме

НАЈНОВО

Савка Тодоровска го поддржа Горан Герасимовски: Да дадеме можност на добрите и квалитетните, тој овозможи бесплатна правна, психолошка и социјална поддршка

October 16, 2025

„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

October 16, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето град по мерка на човекот, не на автомобилите

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk