ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митрески-Дир: Поддршка за храбрата борба на украинскиот народ и украинските институции за враќање на мирот

September 30, 2022 10:10
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир, одржа средба со Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за меѓупарламентарни односи со Украина, Јован Митрески.

Соговорниците, како што наведуваат од украинската амбасада, го забележаа високото ниво на билатерална соработка меѓу двете земји, особено на меѓупарламентарно ниво.

„Благодарни сме ѝ на Северна Македонија за непоколебливата поддршка на Украина во нејзиното спротивставување на руската агресија, како и за помошта што ѝ ја дава на нашата држава во сите сфери. Усвоената од страна на Собранието на 3 март оваа година Декларацијата за осуда на воените дејствија на Руската федерација, кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, стана исклучително важна манифестација на солидарност со украинскиот народ во првите денови од руската инвазија“, нагласуваат од украинската амбасада.

„Денес на Украина повеќе од кога било има потреба од консолидирање на напорите на своите партнери за да го порази агресорот, бидејќи само заедно можеме да го надминеме ова страшно зло. И гласот на парламентарците овде звучи исклучително важно. Сигурни сме дека пратениците во македонското Собрание ќе продолжат да заземаат јасен став во однос на злосторствата на русија против Украина и Украинците. Сепак, ова не е ништо повеќе од продолжување на вековната империјална политика на геноцид врз нашиот народ“, истакнува амбасадорката Лариса Дир.

Митрески, на средбата, уште еднаш изрази поддршка за храбрата борба на украинскиот народ и украинските институции за враќање на мирот и надминување на последиците од руската агресија, посочувајќи дека тоа истовремено претставува борба за демократските вредности и за заштита на меѓународниот поредок.

Митрески се осврна на плодната соработка меѓу двата парламенти, а особено меѓу пратеничките групи за соработка, која во последниве години бележи значајна динамика. Тој потсети и дека Собранието на Република Северна Македонија, уште на 3 март, донесе Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Исто така, Митрески нагласи дека на Првиот парламентарен самит на Меѓународната платформа за Крим, што ќе се одржи на 25 октомври во Загреб, ќе биде инаугурирана парламентарната димензија на Кримската платформа.

Тој упати честитки до Украина за добивањето на кандидатски статус во ЕУ, изразувајќи подготвеност за поддршка од нашата земја со експертиза и искуство во процесот на евроинтеграцијата.

„Како земја-членка на НАТО, заедно со сојузниците, сме обединети во одговорот на руската агресија врз Украина и имаме преземено низа чекори и мерки како одговор на воени дејствија“, рече Митревски.

Ј. Ѓ.

Next Post

(ВИДЕО) МВР во засилена акциска контрола: Изречени 209 санкции за брзо возење

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk