ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Идната недела извештајот на ЕК за Северна Македонија, од 7 ноември билатерален скрининг

October 3, 2022 15:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 7 ноември Македонија и Албанија ги раздвојуваат своите патишта и секоја држава сама ќе се движи низ процесот на скрининг. На тој датум нашата земја го почнува таканаречениот билатерален скрининг – беше соопштено на денешниот брифинг со новинарите на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Паралелно со тоа веќе се водат разговори за персонални решенија за позициите главен правник, главен економист и главен антикорупционер, кои ќе бидат дел од преговарачкиот тим. За нас е особено важна позицијата главен антикорупционер, посочи Маричиќ, бидејќи во сите преговарачки области ќе треба да декларираме мерки против корупција.

Маричиќ на брифингот навести и дека е можно низ преговарачкиот процес да дојде до нови измени на Уставот бидејќи тоа ќе го бара синхронизацијата на нашата домашна регулатива со европската, а првата измена би била во однос на функцијата и овластувањата на главниот државен ревизор.

Тежиштето на скринингот ќе бидат владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година.

Маричиќ рече дека не очекуваат изненадувања во извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија. „Тие извештаи се водич за реформи. Очекуваме генерално позитивен извештај“, им рече тој на новинарите.

Владимир Дробњак, главниот преговарач на Хрватска за членството во ЕУ, беше исто така присутен на брифингот и додаде дека преговорите треба да ги сфатиме како трансформација на општеството која ќе води кон корист за сите. „Секоја тешкотија во текот на преговорите ќе ви се исплати кога ќе го добиете членството во ЕУ“, порача тој. Дробњак упати и совет до македонската влада и генерално до политичкото милје во Македонија да бидат прагматични и да го одложат решавањето на деликатни прашања со членки на ЕУ до влезот во Унијата бидејќи, како што нагласи, тогаш ќе преговараме на рамноправна основа и може да се дојде до покорисно решение за државата.

Тоа, меѓутоа, не се однесува и на спорот со Бугарија, бидејќи уставните измени со кои треба да се внесе бугарското малцинство во нашиот конститутивен акт, се услов без кој нема да продолжат преговорите, подвлече Маричиќ кој е главен преговарач со ЕУ.

Извор: НоваТВ

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за помош на најранливите категории граѓани

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk