ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започна кампањата на МВР и УНДП „Секој куршум има мета! Слави со срце не со оружје“

October 6, 2022 13:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

„Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ е новата кампања за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје, што ја спроведува Министерството за внатрешни работи во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Главната цел на кампањата е да предупреди за последиците од неовластеното користење мало и лесно оружје, особено за време на веселби, како и да се намали бројот на инциденти поврзани со пукање.

На денешната церемонија на официјалниот старт на кампањата, што се одржа во хотелот „Александар Палас“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека борбата против недозволената трговија со оружје е стратешки приоритет на МВР.

Како резултат на плански интензивираните активности во оваа област, минатата година беа постигнати особено значајни резултати, како со зголемениот број откриени кривични дела, така и со зголемување на вкупните количества на заплени на оружје, муниција и распрскувачки материи. Паралелно на ова, активно се работи и на подигнување на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје. Имено, партнерското учество во оваа кампања заедно со УНДП уште еднаш ја покажува нашата решеност покрај репресивното делување, да продолжиме во континуитет да работиме и во делот на превенцијата, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ во локалните заедници, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој потенцираше дека во текот на минатата година, заклучно со крајот на септември, полицијата евидентираше 14 случаи на злоупотреба на оружје при веселби и прослави и сите тие се кривично-правно завршени.

Новата кампања во исто време ќе се спроведува во Северна Македонија и во Косово во рамки на проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје“.

Преку различни активности и настани ќе се поттикнуваат граѓаните да пријавуваат неовластено пукање, но и ќе се работи на зајакнување на соработката меѓу институциите, особено во пограничните регион, со цел ефикасна борба против нелегалната трговија со оружје.

Заменичка на постојаниот претставник на УНДП во земјава, Сања Бојаниќ истакна дека ќе успееме да го намалиме бројот на инциденти предизвикани од огнено оружје, само ако сите заедно работиме на остварување на оваа цел.

Граѓаните мора да бидат свесни дека тие се клучните актери во оваа приказна и дека треба да слават „со срце, а не со оружје“ односно да не посегнуваат по оружјето за време на веселбите. Како што вели слоганот на кампањата „секој куршум има мета“, а дури и оние испукани за време на весели моменти, без намера да повредат некого, може да одземат човечки живот. Токму затоа, УНДП е посветена на градењето безбедни заедници преку зголемување на свеста на граѓаните и континуирана соработка со МВР и другите национални партнери, рече Бојаниќ.

На денешниот настан беше прикажана и изложбата насловена „Што ако…?“ на која беа претставени наслови од медиумски објави за инциденти предизвикани од залутани куршуми.

Кампањата „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ е финансирана од владите на Германија, Обединетото Кралство, Франција, Шведска, Холандија и Норвешка преку Мултипартнерскиот доверителен фонд, а e поддржана од Европската Унија.

Next Post

„Текстилијада“ во Штип: Плата за живот, а не за преживување

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk