ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

October 6, 2022 14:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“, поддржана од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) имплементиран од Институтот за демократија.

На почетокот на своето обраќање вицепремиерот Битиќи се осврна на важноста на процесот кој го започнавме во пристапните преговори со Европската Унија, потенцирајќи на важноста за јасен консензус и потребата од голема инклузивност, како за целиот процес така и за нашите државни цели и придобивки од него.

„Целиот овој процес го правиме за себе, на ова веројатно низ него ќе треба да се потсетуваме, бидејќи на моменти бирократскиот јазик, обемноста, притисокот за промена, како и европските институции кои за истата ќе нé држат отчетни, можеби на моменти ќе ја поматат јасноста на тоа за кого сето ова го правиме. Сите реформи кои ни следат треба да ги спроведеме и истите да ги следи и промена на навиките и свеста“, истакна Битиќи поздравувајќи ја работата на Институтот за демократија во делот на приближување на земјата кон Европската Унија.

„Војната во Украина го насочи фокусот на Унијата на политики со кои треба да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на економијата и тука механизмот за скрининг на директните странски инвестиции или FDI Screening Mechanism е од особено значење, поради тоа оваа регулатива е дел и од стратешкиот дијалог со САД.

Станува збор за хоризонтална активност која опфаќа и се протега со надлежност на повеќе министерства, истовремено претставува и усогласување со ЕУ законодавството, ќе бара и хоризонтално владино покривање, секако и соработка со коморите, граѓанскиот сектор и останатите стејкхолдери.

Северна Македонија може да биде пионер во регионот во воспоставување и имплементација на овој механизам и тоа е предизвик кој треба да го прифатиме“, рече Битиќи.

Потсетувајќи дека Северна Македонија веќе има преземено чекори во оваа насока, со креирање на дигиталниот асистент за државна помош, кој набрзо ќе биде промовиран, а кој ќе овозможи зголемена транспарентност за компаниите за условите за државна помош, а следниот чекор во оваа насока е креирањето на Менаџмент системот за државна помош, кој на едно место ќе ги собере сите информации од 11 институции преку кои се дава државна помош и ќе даде преглед на ефективноста и ефикасноста на истата.

„Покрај механизмот за скрининг на странските инвестиции, денеска ќе се промовираат и Carbon Border Adjustment Mechanism-от кој се однесува на предизвиците со кои ќе се соочиме со вклучувањето на регионот во развојот на трговските и даночните политики на ЕУ, како што е механизмот за прилагодување на границите на емисии на јаглерод диоксид, што ќе гарантира економски развој кој ќе ја следи и Зелената Агенда“, заклучи Битиќи.

Next Post

Стопанска Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk