ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со постојан отпор – КРИК-фестивал за критичка култура

October 7, 2022 11:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт,  продолжува утре (сабота, 7 октомври) во социјалниот центар Дуња, со почеток во 17 часот.  Гостуваат Бен Вотсон (Велика Британија) и Сезгин Бојник (Косово, Финска).

Бен Вотсон ќе одржи панк поетско предавање за неговите искуства во Лидс 1979-1993 година, кога панкот беше поврзан со „Ф Клубот“, а потоа „Рок против расизмот“, кога локалните скинхедси погрешно ги толкуваа свастиките на Вивиен Вествуд, мислејќи дека панкот е фашистички. Тој се сретнал со Секс Пистолс непосредно пред да заминат од Велика Британија и да се разделат и бил импресиониран од плочите во тој период – неговата прва средба со даб регето. Не толку фокусиран на историјата, Бен ќе се задржи на релевантната уметност на нашето време со која се занимавал во децениите кога пишувал за џезот и слободната импровизација за магазинот „Wire“. Тој ќе говори и за начинот на кој го води својот бенд (AMM All-Stars) денес – и неговите музички избори за неговите неделни радио емитувања.

Бен Вотсон е британски писател за музика и култура со марксистички погледи, познат особено по неговите дела за Френк Запа. Тој е добро познат и како редовен соработник на  списанието „The Wire“ и како автор на бројни книги, кои честопати вклучуваат студии за популарната култура од перспектива на марксистичката естетика.

Сезгин Бојник ќе ја претстави публикацијата „Панк супрематизам“, која го вклучува првиот англиски превод на теоретски дела за панкот, уметноста, социјализмот, бирократијата и национализмот од Славој Жижек, Растко Мочник и Зоја Скушек. Напишани во првата половина на осумдесеттите, овие текстови се единствена мешавина на панк став со теоретски концепти позајмени од Алтусер, Лакан и авангардната уметност. Напишани во турбулентен период на југословенскиот социјализам, овие текстови се обидуваа да ја разберат политичката важност на панкот како масовно движење на осиромашената младина. „Панк супрематизам“ е првиот том од серијата истражувања на панк иницирани од „Rab-Rab Press“. Серијата тргнува од идејата дека панкот е пауза, а ќе се фокусира на панкот како нешто целосно одвоено од буржоаската култура.

Сезгин Бојник е основач на „Rab-Rab Press“ во Хелсинки и основач на „Pyke-Presje“ во Призрен.

КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.

Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.

 

Next Post

Маричиќ и Мираковска со жестоки реплики на провокациите од бугарските европратеници во Стразбур

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk