ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: За нас секое дете е важно, заштитата на правата на децата се наш приоритет во работата

October 7, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска  денеска по повод Светската недела на детето го посети дневниот Центар за аутизам во Штип и малиот групен дом. Како што и самата вели „поминатото време со децата е квалитетно поминато време од кое има само убави спомени“.

Дневниот центар за Аутизам е со капацитет за дневно згрижување од 15 деца. Со решение за Центарот за социјална работа во Штип услугата ја користат шест деца од кои активно во моментот ја користат пет деца.

Како Министерство за труд и социјална политика имаме надлежност на детската заштита и можам да кажам дека тоа е еден од секторите за кој што најмногу се залагаме, затоа што развојот на децата во здрава средина е од особено значење. Сметам дека пред се треба да го почитуваме интегритетот на едно дете како и неговите права, рече Тренчевска.

Таа истакна дека пред државата сите деца се исти и дека Владата и Министерството за труд и социјална политика постојано се залага за поинтензивно имплементирање на Конвенцијата за правата на децата како и воведување на политики и мерки кои позитивно влијаат на децата.

Освен Центарот за Аутизам во Штип има и Дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост со капацитет од 20 деца, каде во моментот услугата ја користат вкупно 16 лица од кои активно ја користат 13 лица.

Тренчевска истакна дека сите деца кои што се под нејзина и заштитата на Министерството за труд и социјална политика се подеднакво третирани и заслужни за внимание и љубов. Во таа насока беше и посетата на малиот групен дом каде што се сместени пет деца, кои се вклучени во редовен образовен процес.Таа разговараше со децата за предизвиците со кои се соочуваат децата во нивното секојдневие како и нивните потреби.

Децата без родители и родителска грижа се сега сместени во мали групни домови. Гломазните институции не се веќе секојдневие на овие деца. Преку деинституционализација им овозможуваме на децата нов начин на престој кој што не е само налик на топол дом, туку тоа е нивното место на сигурност, безбедност и убави и исполнети мигови, изјави Тренчевска.

Министерката денеска ќе учествува во дебата на 6. Текстилијада, а доцна попладнево ќе го посети и Центарот за вработување во Штип. 

Next Post

Лукаревска од 6.Текстилијада во Штип: Речиси 5.000 работодавачи немаат исплатено плата во август

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk