Европскаѕа комисија својот предлог нова методологија за процесот на пристапување кон Европската унија ќе го претстави на 5 февруари во Брисел, пишува Б92.
Ден подоцна, комесарот за проширување Оливер Вархеји лично ќе ги изнесе новите насоки на ЕУ политиката за проширување при посетата на Белград.
Откако Совет на ЕУ кон крајот на годината ја задолжи ЕК да изработи предлог за новата методологија на процесот на пристапување на земјите кандидати кон ЕУ, во комисијата велат дека се финализира документот и дека наскоро ќе биде претставен.
– Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го унапредиме процесот – изјави портпаролката на ЕК Ана Писонеро.
Иако ЕК се уште не излегла со конкретен датум, извори од ЕУ најавуваат дека предлогот за новата методологија на кој работи Вархеји, треба да биде усвоен на состанокот на комесарите во среда на 5 февруари, а потоа претставен на конференција за медиуми во Брисел.
Во Брисел оценуваат дека документот, кој треба да одговори на загриженоста на некои земји членки поради ефикасноста на досегашниот процес на пристапување кон ЕУ, ќе биде концизен, со конкретни предлози за модернизацијата и подобрена ефикасност на процесот на пристапување, без промени на самата политика на проширување на ЕУ.




