ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Заокружено целото финасирање на буџетот до крајот на годината, применетиот модел заштеди над 40 милиони евра годишно

October 11, 2022 10:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Државата го заокружи целокупното финансирање на буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки. Министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на гостувањето на Дневникот на Сител, посочи дека цената на обезбедениот капитал за финансирање на буџетскиот дефицит и старите долгови кои доспеваат е по најповолни услови, поради заложбите на Владата за навремено обезбедување на капитал за финансирање на антиктризните мерки, но и другите буџетски потреби како зголемувањето на пензиите, социјалната помош, минималната плата, земјоделските субвенции и поддршката на фирмите за време на тековната криза.

Со Кредитната линија за претпазливост на ММФ, за која денес Мисијата на ММФ даде позитивна оценка за користење за нашата земја и која се доделува исклучително на економии со здрави економски фундаменти и со здрави политики, заокружено е потребното финасирање на буџетот за годинава.

„Ние цела година, од почетокот на кризата, работевме на поповолни услови за финансирање на буџетот, подобри во однос на оние кои би ги добиле доколку издадевме еврообврзница. Доколку издадевме еврообврзница, каматната стапка ќе се движеше околу 8-8,5%. Ние оценивме дека условите не се поволни и затоа не излеговме со еврообврзница, а ниту земјите во регионот, иако имаше обиди за тоа, поради високите каматни стапки кои достигнуваа и до 11%. Сепак, успеавме да направиме оптимално портфолио согласно рочноста и ниските трошоци. Тука се средствата во износ од 250 милиони евра преку германската обврзница – инструмент кој досега нашата земја не го издавала, со каматна стапка 3,75% и 6-месечен ЕУРИБОР. Понатаму, тука се средствата преку кредитната линија за претпазливост на ММФ – ПЛЛ, каде каматната стапка е околу 1%, плус камата на СПВ. Преку комерцијалната банка, „Шпаркасе“, обезбедени се 50 милиони евра со камата од 1,15% и 12-месечен ЕУРИБОР. Преку државни хартии од вредност на домашен пазар обезбедени се средства по понедрирана камата од околу 2,6%. Тука се  и средствата кои ги користиме како депозит од минатата година во износ од 250 милиони евра со камата од 1,6%. Во просек заедно со депозитот од претходната година ние постигнавме каматна стапка од 3,3%“,  посочи Бесими.

Министерот оцени дека денешната објава на ММФ за користење на 530 милиони евра од Линијата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ, е јасен и позитивен сигнал за политиките на нашата економија кон странските инвеститори. Тој посочи дека оваа програма се дава исклучително за земји што имаат здрави макроекономски политики.

Во интервјуто министерот Бесими истакна дека во Буџетот има доволно средства за покривање на потребите, како и за мерките за намалување на ефектите од кризата. Сепак, нагласи дека тековната светска економска криза е една од најголемите од Втортара светска војна наваму и дека можноста целиот шок да се покрие преку буџетот, а без при тоа секој поединечно да не направи заштеда од аспект на користење на електричната енергија е невозможно.

Министерот се осврна и на новиот пакет мерки, за кој рече дека ова не е прв пакет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, туку дека во континуитет се носат мерки и политики за справување со кризата.

 

Next Post

Како и кога настанала „А бре Македонче“, песна за херојската борба против фашизмот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk