ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и Гете – институт Скопје: Презентирани новинарски мултимедијални стории од социјален карактер

October 11, 2022 12:43
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Гете-институт Скопје во рамките на јавниот повик кој беше распишан минатиот период, одржаа промоција на новинарските содржини изработени од четири тимови со состав од по двајца новинари. Тимовите беа менторирани од страна на тричлено стручно жири составено од Анета Додевска, Филјана Кока и Теофил Блажевски.

Новинарите кои што ги изработија сториите се Магдалена Стојмановиќ и Бобан Јовановиќ од ТВ Сонце на тема „Како до успешна ресоцијализација на поранешните затвореници?“, Александра Максимовска дописник од МИА и Сузана Андоновиќ од Радио Бум на тема „Дискриминација на жените Ромки“, Александра Максимовска од ТВ Алфа и Виолета Кожинкова од ТВ 24  на тема „Селата во Источна Македонија без лекар“ и Теодора Цветковска од „Пина“ и Даниел Василев  од 360 степени на тема „Заштитени само на хартија – лицата со попреченост оставени сами на себе кога ќе останат без родител“ .

На настанот се обратија Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ и Катрин Оствалд-Рихтер, раководителка на Гете-институт Скопје.

Чадиковски во воведното обраќање ја поздрави реализацијата на конкурсот и нагласи дека потребно е да имаме повеќе активности од овој карактер со цел да се допрат темите кои не секогаш добиваат место во фокусот на јавноста.

„Навистина ме радува тоа што сме заедно овде да ја проследиме промоцијата на новинарските содржини изработени од колешките и од колегите минатиот период во соработка со Гете институт Скопје. Ме радува од две причини: Првата е што станува збор за квалитетни содржини на кои се работеше со голема посветеност, за некоја минута ќе сведочите и сами за тоа. Втората причина е солидарноста меѓу колегите што впрочем беше една од целите на овој јавен повик кој го сработивме со Гете институтот Скопје. Темите на кои се работеше беа од социјален карактер, односно прашања кои се однесуваат на перцепцијата на општеството за личниот живот на луѓето. Честопати, сите ние како учесници во општеството знаеме дека постојат, но заради различни причини не успеваме да им го дадеме значењето кое го заслужуваат.“

Катрин Оствалд-Рихтер рече „Денеска сме собрани овде затоа што дел од вас завршија одлична работа при документирање на социјалните прашања во вашата земја, да ги направите опипливи преку новинарски средства и методи. Бевме многу ентузијасти за темите избрани од страна на жирито и нацистина сме задоволни од резултатите. Би сакала да ја искористам оваа прилика искрено да се благодарам на Здружението на новинарите на Македонија, водачот на проектот и учесниците. Во секој случај, посакуваме да стигнат до што поголем  аудиториум!“

Конкурсот беше распишан во месец јуни, а беше во врска со социјалните теми, односно прашања кои се однесуваат на перцепцијата на општеството за личниот живот на луѓето. Различни општества имаат различни перцепции и она што може да биде „нормално“ однесување во едно општество може да биде значајно општествено прашање во друго општество. Социјалните теми опфаќаат широк круг на теми и можат да бидат во доменот на јавното здравје, животна средина, права на лгбт заедницата како и на други маргинализирани групи, човекови права, теми од локален јавен интерес типични за рурални средини како и родова еднаквост.

Изработените стории ќе бидат објавени на веб страната на ЗНМ на крајот на месец октомври.

 

Next Post

Ковачевски: Блокадите на закони и изолацијата на државата е современ чин на предавство на својот народ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk