ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Блокадите на закони и изолацијата на државата е современ чин на предавство на својот народ

October 11, 2022 12:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од централната прослава во Куманово по повод 11 Октомври повика на обединување на сите политички и општествени чинители во остварувањето на стратешката цел – полноправно членство во Европската унија.

Секоја генерација е исправена пред свои предизвици, коишто бараат избор. И никој нема право да го избегнува изборот на која страна ќе застане – кон напред, или во стагнација, во регрес со непредвидливи последици по иднината. Партизаните, со почит кон минатото, избрале да гледаат кон иднината на својата земја, дури и кога тоа значело на неа да се положи сопствениот живот. Денес, да се почитува минатото и да се гледа кон иднината, значи да се продолжи по стапките на борците од Народноослободителната борба, од чијшто виор е макотрпно изнедрена нашата држава и да се овозможи повторно нејзиниот натамошен напредок, истакна Ковачевски.

Денес да се биде на вистинската страна, рече Ковачевски, значи европски интеграции, примена на европските вредности, постигнување на европскиот животен стандард, придонес во европскиот мир.

Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата – се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава, нагласи Ковачевски.

Додаде дека низ нашата историја донесени се тешки одлуки кои барале различни жртви. Во Втората светска војна, како што посочи, тоа биле човечките жртви, а денес кога го имаме дијалогот како средство за помирувачки решенија, никој, според Ковачевски, нема право да ги погази делата на борците, нивната жртва и верба дека еден ден новите генерации ќе живеат во напредна земја членка на ЕУ.

Нема лесен пат до вредна цел. Историјата бележи дека за остварувањето на секој идеал е потребна цврста одлучност, напор и верба, порача премиерот на централната прослава по повод Денот на народното востание.

Next Post

Приведен крадец во Скопје, затекнат на дело

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk