ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски награди 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

October 11, 2022 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на чествувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, синоќа на свечена церемонија во Скопје претседателот Стево Пендаровски со Медал за заслуги, доделен за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки, ги одликуваше уметниците Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски.

– Нашата државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, авторско дело на Владо Малески, била една од најпопуларните партизански песни што го обединувале народот во борбата за национална слобода и социјална правда. Во предвечерјето на 11 Октомври – Денот на народното востание, со Медал за заслуги за Република Северна Македонија им оддаваме почит на дел од нашите врвни уметници кои создаваа и интерпретираа песни за животот на нашиот човек низ вековите и неговата борба за слобода и човечки правдини, нагласи претседателот Пендаровски, по интерпретирањето на химата, која е една од првите песни што биле напишани и испеани за време на народноослободителната и антифашистичка борба.

Пендаровски нагласи дека народното творештво е централната точка на македонскиот идентитет.

– Создавањето и пренесувањето на народните песни е најзначајниот колективен творечки подвиг на македонскиот народ во услови на окупација и пропаганди. Песните што им помагаа на нашите предци да ги издржат сите обиди за асимилација, станаа неотуѓив дел од нашиот идентитет. Како сведоштво за јазичниот, културниот и духовниот континуитет, песните паметат многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме, нагласи Пендаровски.

Тој посочи дека народните уметниците кои денеска ги одликуваше  ја претставиле нашата изворна музика пред македонската и светската јавност на маестрален начин. Преку нивните настапи и концерти, тонски и видео записи,  како што истакна претседателот, светот дозна за уникатниот 7/8 македонски ритам, а самите уметници создадоа авторски дела кои беа прифатени од народот и станаа дел од сите наши приватни и јавни прослави.

– Ова се најголемите источници на македонската народна музика и песна. Секој од нив заслужува посебна чест и церемонија, а, заедно ни ги презентираат многубројните слоеви на изворната македонска народна музика. Тие соработувале и се поддржувале меѓусебе свесни дека не работат само за својата лична кариера, туку за една многу повисока цел.  Нивните дела се пример за вистински патриотизам. Затоа, не треба да чуди што нивните изведби и песни толку моќно не поврзуваат и сплотуваат, независно каде се наоѓаме во светот, потенцираше Пендаровски.

– Во минатото, кога не сме имале своја, слободна македонска држава, народните песни им давале сила и надеж на нашите предци да ги издржат сите премрежија. И денес, творештвото на нашите народни уметници не го дели, туку го сплотува народот. Колку и да сме раскарани, сепак, ги слушаме и пееме истите песни што не потсетуваат дека сме дел од еден ист народ. Кога ги слушаме и пееме овие песни, стануваме дел од големата средба на поколенијата, минати и сегашни, во татковината и низ дијаспората. Бидејќи, преку народниот мелос, најавтентично го доживуваме македонскиот јазик како наша единствена, комплетна татковина. Овие песни за слободата, за болката, носталгијата и љубовта можат, барем за момент, да ни помогнат да гизаборавиме поделбите, и да свртиме нова страница во нашите животи во кои ќе имаме поголема почит едни за други, рече претседателот.

Тој посочи дека иконите на македонската народна музика ни даваат пример како заедно можеме да ги надминеме и актуелните предизвици.

– За песната „Параходот ми пристигна” да не биде наша судбина и нашите животни патеки да не ги газиме далеку од татковината, заклучи претседателот.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Заокружено целото финасирање на буџетот до крајот на годината, применетиот модел заштеди над 40 милиони евра годишно

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk