Претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација Ирене Келин, денеска ќе има обраќање пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.
Претходно, по церемонијата на свечен пречек, како што е најавено, Келин ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
По потпишување на Ирене Келин во Книгата на впечатоци, од собраниската прес-служба, најавија изјави за медиумите.
Предвидени се средби на претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација и со Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања и членовите на Комисијата, како и со Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички.