ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Потомок на авторот на „А бре, Македонче“: Нема цензура со верзијата од Куманово, така отсекогаш ја изведувале сите хорови

October 13, 2022 10:21
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Хорскиот аранжман на ‘А бре, Македонче’, направен од еден од најмаркантните и најзначајни личности заслужни за развојот на хорската музика во Македонија во втората половина на ХХ век, професорот Драган Шуплевски. Шуплевски, аранжманот го направил во доцните седумдесетти години на минатиот век и оттогаш, па наваму, овој аранжман, со овие стихови е изведуван од речиси сите хорови во Македонија“ пишува Александар Трајковски, потомок на Ордан Михајловски-Оцка, автор на музиката и ко-автор на текстот на песната „А бре, Македонче“.

 

Тој додава дека ова никогаш не претставувало проблем и објаснува дека измените на текстот се направени од Шуплевски поради акцентирањето и метричкото усогласување.

Трајковски објаснува дека во периодот кога Шуплевски го правел аранжамнот, композицијата била третирана како народна, бидејќи авторските права биле признати дури во 1990 година и постоеле три верзии од „спорниот стих“.

„Тоа се ‘денешните тирани’, ‘клетите фашисти’ и ‘клетите душмани’. Досега, јас не сум сретнал факти кои ќе покажат и докажат, во кој момент од ‘живеењето’ на композицијата, настанувале овие промени. Но, во домашната архива поседувам историски документ, во кој јасно е наведено дека на првата изведба на ‘А бре, Македонче’, на 8 ноември 1941 година, во селото Царевиќ (Прилепско), композицијата е изведена со стихот ‘денешните тирани’.“ пишува Трајковски.

Тој додава дека ова е првата и оригинална верзија на песната, што значи дека најпопуларниот сих „клетите фашисти“ воопшто не е дел од првичната верзија.

Next Post

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен со децении, тоа е најповолната монетарна стратегија за нашата економија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk