ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина го слави „Денот на бранителите и бранителките на Украина“

October 14, 2022 10:05
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Украина денеска го слави Денот на бранителите и бранителките на Украина.

„На државно ниво Украина започнала да го слави Денот на бранителите токму на 14 октомври 2014 година. Годишниот државен празник е воспостановен со Указот на Претседателот на Украина „За Денот на бранителот на Украина“ од 14 октомври 2014 година за одбележување на храброста и херојството на бранителите на независноста и територијалниот интегритет на Украина, воените традиции и достигнувања на украинскиот народ, за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух“, информираат од Украинскиот институт за национална меморија.

Од 2021 година, овој меморијален ден е официјално наречен Ден на бранителите и бранителките на Украина.

„Жените застанаа заедно со мажите во одбрана на Татковината во различни периоди од нашата историја. На пример, познати ни се имињата на Христина Сушко и Харитина Пекарчук, кои се бореле во Армијата на УНР (Украинската Народна Република). Во Легијата на Украинските сичови стрелци постоел Женски одред, чиј коорганизатор била разузнавачката Олга Басараб. Меѓу хероите од Втората светска војна, борците на УПА (Украинската востаничка армија) може да се најдат стотици женски имиња. Во современата украинска армија, жените служат рамо до рамо со мажите на првите борбени линии, ги совладале специјалностите на снајперист, митралезец, разузнавач, механичар, инструктор, лекар. Во текот на изминатите 10 години, бројот на жени во украинската армија се зголеми за 15 пати. Затоа, на 14 октомври им честитаме на сите бранители на Украина, без разлика на полот“, наведуваат од Институтот.

Датумот 14 октомври за Денот на бранителите и бранителките на Украина не бил случајно избран.

Историјата на овој празник има долга традиција. Празникот Покров на Пресвета Богородица го одбележувале Козаците, за што празникот добил второ име – Козачка Покрова. Украинската армија од 1917-1921 година ги зачувала козачките воени традиции во имињата на воените единици, структури, знамињата, униформите итн.

„Најдобрите традиции на бранителите од минатото ги наследија борците на модерните Вооружени Сили на Украина. Украинската армија ги негува борбените традиции на своите предци и имињата на хероите, од воините на Кијивска Рус и козаците до сичовите стрелци и воините на УПА“, потенцираат од Институтот.

Подготви: Ј. Ѓ.

Next Post

Петровска и Лекорну ќе потпишат договор за соработка во одбраната меѓу Скопје и Париз

НАЈНОВО

Фото: ОН

Во Иран оваа година егзекутирани најмалку 841 лице

August 30, 2025

Убиен поранешен претседател на украинската Врховна рада

August 30, 2025
Фото: МИА

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

August 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Реконструкција на Владата – Дали ВМРО калкулира со ДУИ зад кулисите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНАМ за ревизија на Бадентер: Максим Димитриевски ја поддржа изјавата на министерот Филков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk