ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Министерство за правда: Немаме издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“

October 14, 2022 15:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда вели дека нема издадено одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението што беше отворено во април оваа година во Битола. Реакцијата на Министерството следи по денешниот заклучок на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека основањето на здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола е дискриминациски, а дека е извршена и индиректна дискриминација од страна на Министерството за правда.

Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар „Иван Михајлов“, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или кој било друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението, се вели во реакцијата од Министерството.

Појаснуваат дека „Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда“.

Од Министерството за правда велат дека немаат никаква надлежност да вршат надзор над работата на здруженијата, единствено се надлежни за надзор на законитоста на примената на одредбите од Законот.

Согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации, Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот. Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов“, пишува во соопштението.

Во однос на постапката за регистрацијата на здружението, од Министерството велат дека до нив на 27 февруари 2019 година е доставено барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар.

Министерството за правда со допис од 5 март 2019 година година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот „Македонија“, зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, за употреба во името на организацијата, посочуваат од Министерството.

Next Post

Лекорну: Придонесот на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk