ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Брисел објаснувачки скриниг за Поглавјето 10, реформите што ги спроведуваме се одржливи, нашиот напредок е препознаен, вели Маричиќ

October 17, 2022 13:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 10, „Информатичко општество и медиуми“, истакна дека реформите што ги спроведува земјава се одржливи, нашиот напредок е препознаен и оти ни се даваат нови можности преку скрининг процесот, побрзо и полесно да ги постигнеме ЕУ стандардите во ова поглавје. 

Маричиќ кажа дека Северна Македонија веќе има преземено чекори за усогласување со постојните политики на ЕУ и дека главна цел на Владата е да обезбеди висококвалитетни јавни услуги за граѓаните и бизнисите.

Ја препознаваме важноста од трансформирање на општеството и донесување нови можности за бизниси и технологија. Нашите реформи се одржливи, нашиот напредок е препознаен и ни се даваат нови можности преку скрининг процесот, побрзо и полесно да ги постигнеме ЕУ стандардите во ова поглавје. Нашата цел е да обезбедиме одржлива економија и дигитализација на услугите на приватниот и јавниот сектор, рече вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање пред Европската комисија.

Вицепремиерот во својот говор ги истакна и досегашните достигнувања во оваа област, потенцирајќи дека успеавме да го воведеме бројот за итни случаи ЕУ 112, на кој во моментот се работи за неговата правилна имплементација.

Главниот преговарач со ЕУ најави дека конечните верзии на Националната стратегија за ИКТ и Акционен план 2021-2025 се веќе подготвени, консултирани со јавноста и ќе бидат финализирани во следните месеци, како и дека ќе продолжи спроведувањето на Националниот оперативен план за широкопојасен интернет. Во таа насока Агенцијата за електронски комуникации поддржана од Канцеларијата презема чекори со кои ќе се олеснат условите за воведување на 5G и ќе се стимулира влезот на нови технологии и оператори.

Препознавајќи ја важноста на сајбер безбедноста, ја подготвуваме и новата Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2027 година, со акцент на градење и подобрување на националните капацитети за сајбер безбедност, безбедност и отпорност на критичната информациска инфраструктура, подигање на свеста и меѓународна соработка, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ во однос на законодавната агенда истакна дека го подготвуваме Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, за кој се очекува текстот да биде финализиран во првите месеци од 2023 година.

Дополнително главниот преговарач со ЕУ рече дека ќе следуваат измени на Законот за употреба на податоците од јавниот сектор, со цел усогласување со Директивата на ЕУ за отворени податоци и повторна употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024), во насока на зголемување на транспарентноста во институциите од јавниот сектор, подобрување на ефикасноста на работата на јавната администрација и придонес за намалување на корупцијата на сите нивоа.

Денеска во Брисел со отворањето на објаснувачкиот скининг состанок за Поглавјето 10, започна објаснувачкиот скрининг за Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Next Post

Грковска: Дигиталната трансформација значи унапредување на услугите и на локално ниво, неопходна е тесна соработка со општините и бизнис секторот

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk