ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата на Албанија ја зголемува цената за да поттикне штедење

Албанската влада го активира проектот за изградба на хидроцентралата Скавица, најголем од 70-тите години наваму, кој освен што ќе го зголеми производството на енергија за 20%, ќе биде регулатор и за останатите басени на Дримската каскада

October 18, 2022 20:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕГИОН

Пишува: Блерина Хоџа

Енергетската криза ја принуди владата на Албанија да воспостави енергетски тарифи со два опсега на потрошувачка. До 800 киловати, еден киловат ќе се продава по цена од 9,5 леки (7,5 центи), а над ова ниво по пазарна цена од 42 леки (34 центи). Регулаторното тело за енергетика одлучи да ја применува оваа времена мерка од 1 октомври до 31 декември 2022 година, но премиерот Еди Рама се обидува да го одложи започнувањето за почетокот на ноември, во зависност од врнежите и ценовните перформанси на берзите.

Со примената на тарифата со два опсега за период од три месеци се остваруваат околу 1,8 милијарди леки (15 милиони евра) дополнителен приход според пресметките на Операторот за дистрибуција на енергија (ЕДО). Оваа сума ќе се акумулира во околу 80 илјади семејства кои трошат над 800 киловати месечно. Владата и ЕДО се надеваат дека оваа мерка, освен генерирање дополнителен приход, ќе поттикне заштеда на енергија во текот на зимата.

Владата на Албанија во октомври минатата година прогласи вонредна состојба околу снабдувањето со електрична енергија. Вонредната ситуација му дава право на Регулаторното тело за енергетика периодично да ги прегледува цените во зависност од флуктуацијата на производството од изворите на енергија и промените на цените на пазарите на енергија.

Во домашното производство на енергија со 99% доминираат хидроцентралите, а обемот целосно зависи од врнежите и доброто управување со водните резерви. Напорите за диверзификација на производството на енергија со соларни централи не даваат резултати.

Во 8-миот месец од 2022 година потрошувачката достигна 5,5 милиони киловати, од кои 83% се произведени локално, а 13% од увоз.

До крајот на јули, Албанија потрошила околу 235 милиони евра за увоз на енергија, но оваа сума до крајот на годината може да достигне околу 400 милиони евра според проекциите на Министерството за финансии.

Официјалните податоци покажуваат дека во периодот јануари-јули 2022 година, домашното производство на енергија достигна 4,6 милиони мегават/часови, од кои 52,6 отсто се произведени од јавни претпријатија, а околу 47 отсто од приватни производители на енергија, кои на јавниот оператор му продаваат производство со регулирани цени.

Албанија сè уште има простор да ја зголеми ефикасноста во енергетскиот сектор. Нивото на загуби во текот на 8-ми месец од 2022 година изнесува дури 19% од вкупната потрошувачка на енергија, што претставува највисоко ниво во регионот.

Исто така, јавните субјекти, а особено јавните водоводни претпријатија не плаќаат редовно енергија. Регулаторното тело соопшти дека, на крајот од август, состојбата на овие обврски кон ЕДО достигнала околу 23 милијарди леки (190 милиони евра), со 20% зголемување од крајот на 2021 година. Во последните 10 години долгот на јавната субјекти до Операторот на дистрибуција е двојно зголемен.

Албанија е среде процес за либерализација на енергетскиот пазар.

Оваа година, за да се справи со кризата, владата изнајми две пловечки електрани (бродови), кои задоволуваат помалку од 5% од годишната побарувачка на енергија. Еколошките здруженија не се согласуваат поради штетата врз животната средина и високата цена на производството на енергија.

Албанската влада го активира проектот за изградба на хидроцентралата Скавица, која освен што ќе го зголеми производството на енергија за 20%, ќе биде регулатор и за останатите басени на Дримската каскада. Со овој проект Албанија ќе создаде целосна независност од увозот. Оваа ХЕ ќе чини 510 милиони евра, а за нејзината изградба Албанската електрокорпорација склучи договор со американската компанија Бехтел-Енка.

Извор: Окружење


Блерина Хоџа работи како новинар во економскиот магазин „Монитор“ речиси две децении

Next Post

Фон дер Лајен ќе допатува во Скопје за да ги поттикне евроинтеграциските процеси на земјата

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk