ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нападите врз новинарите и натаму не се кривично дело: Опозицијата го кочи законот од широк јавен интерес

October 25, 2022 18:26
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО

По серија на случаи за брутално однесување кон новинари и медиумски работници, пред пет години Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите покренаа иницијатива за промени во Кривичниот законик. Со овие промени, нападот врз новинарите ќе се смета за напад врз службено лице и Обвинителството ќе може да активира кривично дело. Но, од првичната иницијатива поднесена до Министреството за правда, до негово поднесување пред пратениците во Собранието поминаа пет години, а веќе година и пол се чека тој да биде изгласан.

Каде е блокирано донесувањето на Законот и зошто постојано се одолговлекува гласањето во Собранието, разговаравме со  Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Павле Беловски, претседател на ССНМ и Ненад Јовановиќ, колумнист и граѓански активист. Судејќи според тоа дека поранешната власт ја дискредитираше новинарската професија, а медиумските работници беа постојано изложени на напади и тоа поминуваше неказниво, тие се речиси едногласни дека донесувањето на измените во Кривичниот законик се закочени од пратениците на опозицијата.

Чадиковски смета дека блокадата не доаѓа директно од опозицијата, туку од бескрајните политички сплеткарења и игри во Собранието, а ЗНМ постојано алармира за итноста од гласањето на овој Закон.

„Собранието функционира така како што функционира, и поради бескрајните политички игри на актерите во Собранието се случува во овој случај жртви да бидат новинарите и медиумските работници, кои се дирктно изложени на оваа работа, особено оние кои работат на терен. Тоа е неприфатливо и скандалозно во денешно време за нечии расправии да се стопира Закон за кој од друга страна постои општ консензус во јавноста да биде донесен. Навистина не знам каде е проблемот зошто не е донесен, ниту е конкретно пратениците од власта ниту пратениците во опозицијата, станува збор за нивни внатрешни сплеткарења, пазарења, заради кои овие измени како дел од поширк пакет на закони сеуште чекаат да видат светлина на денот во Собранието, и ние се надеваме дека во најскоро време тоа ќе биде донесено не само заради нас, туку заради граѓаните на кои ние верно им служиме а ние многу подобро ќе им служиме ако ваков Закон биде донесен. Затоа велам дека треба што поскоро да биде донесен, ова го потенцираат и извештаите на меѓународните организации, сите се запознаени дека на некој начин е ова закочено, меѓутоа очекуваме да биде деблокирано. Со ова треба да се донесе и Законот со кој ќе се намалат драконските казни за клевета на новинарите, бидејќи тужбите кон новинарите се користат дури и таму каде што нема никаква основа да бидат тужени, туку само заплашувани. Меѓутоа, во денешно време е многу модерно политичарите, функционерите да се закануваат дека ќе тужат со т.н слеп тужби, за да ја држат тензијата или стравот на новинарот или да го обесхрабат во натамошно пишување, и сега апелирам да ги остават пратениците нивните бескрајни игри и што поскоро да ги изгласаат овие закони за кои постои општ консензус во општеството.“, вели Чадиковски.

Беловски, исто така се наврати наназад  за да се види  генезата на пробемот.

„Ние имавме еден амбиент во општеството каде што новинар можеше да биде нападнат, клеветен, можеше дури да биде и плукнат и физички тепан на улица и сето тоа да помине неказнето а сето тоа да биде стимулирано или индуцирано од најголемите врхушки на власт, кои исто така се пресметуваа со новинарите, односно со нашата професија. Пак се навраќам во 2017 година, тоа е пред 5 години како подготвивме законски измени, а лани во август влезе во Собрание. И кога мислевме дека е готово после година и пол не може нашата точка да дојде на дневен ред. Затоа што во Собранието повеќе од година актуелни се темити, економија и енергетика. Никако нашата точка да дојде на дневен ред, укажано е на пратениците, направени се безброј средби, и само треба да се стави на дневен ред. Ако ова не се случи ќе треба на 3 ноември да ставиме шатори пред Собранието, кога одбележуваме ден на слободата на медиумите, ако бидеме принудени и физички да го браниме, односно да бараме да се изгласа ова законско решение“, смета Беловски.

Јовановиќ кој беше честа мета на напади и од негово искуство како жртва имаме подетална слика за важноста и потребата од овие законски измени. Тој не верува во добрите намери дека опозицијата ќе го поддржи овој закон.

„Таа опозиција е блокирачка опозиција и секоја добра иницијатива која ќе може да ги заштитува правата на новинарите, за да можат слободно да зборуваат и да известуваат за јавни работи, тие ќе го блокираат. Сега морам да адресирам на едно друго време, кога државата имаше слободна воља да може да ги злоупотребува новинарите, имаше слободна воља и да ги шиканира и да ги дискредитира, знаеме милион примери што се случуваа, и како минатата влада односно сегашната опозиција ги третираше новинарите како крпа. Таа слободно ги земаше новинарите и бришеше под со нив, не се почитуваа никакви достоинства и права и нивната авторитарност никогаш не ги остави новинарите достоинствено да си ја вршат својата работа. Ја сум во насока овој Закон да помине во Собрание, да го искристализираат добро,  дека најголемиот суверинитет, новинарите мора слободно да го бранат и да го штитат, бидејќи со самото тоа ги штитат и граѓаните, а единствено нешто кое може да ги заштити граѓаните како индивидуи е јавниот интерс, а единствено нешто кое што може да ги заштити новинарите како индивидуи како е Законот, за да можат да го работат она што го викаме јавен интерес.“, смета Јовановиќ.

Ана Василевска

Next Post

Откако Сунак стана премиер, петмина британски министри поднесоа оставки

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk