Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска грешката на знамињата за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, на масата каде што седеше со Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка, вели дека Директорот на протоколот поднел оставка која ја прифатил.
– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година. – рече Османи.