ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европските синдикати бараат заштита од токсични испарувања во авионите

November 7, 2022 11:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Фото: Pexels од Pixabay

Фото: Pexels од Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Европската конфедерација на синдикати и работниците во авионскиот сектор бараат итно да се имплементира директивата на ЕУ за безбедност на кабините, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕУ директивата предвидува подобрување на стандардот и квалитетот на воздухот во авионските кабини со што се заштитува здравјето на патниците како и на персоналот во авионите.

Денеска синдикатите во Европа заедно со работниците и експертите во воздухопловството ја повикаа авионската индустрија да ја почитува и примени оваа директива на ЕУ и да ги следи препораките за да се спречи вдишување на штетни испарувања, преку подобрување на дизајнот и одржување на авионите. Овие препораки, велат експертите, се клучни за да се намалат последиците од токсични испарувања кои се случуваат кога вентилацијата во авионите е контаминирана од високо ниво на загреано моторно масло и чад од хидраулични течности.

Потребно е, меѓу другото, да се инсталираат соодветни филтри за да се отстранат испарувањата од вентилацијата додека не се појави нова технологија. Се бара да се инсталираат и хемиски сензори кои ќе ги информираат пилотите и останатите од екипажот со каква контаминација се соочува кабината и од каде доаѓа. Екипажот исто така треба да биде добро обучен за овој ризик и поефикасно да се следат последиците по здравјето и безбедноста.

Како што потсетуваат синдикатите досега Агенцијата за воздухопловна безбедност не подготвила регулатива по ова прашање, за разлика од Европскиот комитет за стандардизација, каде членуваат синдикатите.

„Екипажот и патниците очекуваат од авиокомпаниите да ги следат највисоките стандарди на безбедност, но знаеме дека тоа за сега не е случај со хемиските испарувања“ изјави Изабел Шоман од Конфедерацијата на европски синдикати, додавајќи дека авиокомпаниите имаат одговорност да ги имплементираат препораките како дел од нивните обврски кон вработените во авионите и кон патниците.

Синдикатите потсетуваат дека екипажот е редовно соочен со контаминиран воздух од моторно масло што го загрозува нивното здравје.

Next Post

Груби: Охридскиот договор ги унапреди правата на заедниците, поставуваме еднакви стандарди за сите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk