ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николовски: Остваривме уште едно ветување кон жените земјоделки, доделени грантовите до 6.000 евра за мерката Рурална жена

November 7, 2022 16:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Клубот на пратеници денеска беа доделени договорите на жените земјоделки, добитнички на грант до 6.000 евра, од вториот јавен повик за мерката 115 „Поддршка на активен женски член на земјоделско стопанство“, позната како мерка „Рурална жена“.

„Денеска остваривме уште едно ветување. Рековме дека ќе им бидеме силна поддршка на жените земјоделки, кои работат и создаваат во руралните средини, онаму каде им е домот и семејството. Како институција, нашето активно залагање за родовата еднаквост со поголема сериозност започна од потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини во 2019 година, каде Министерството се заложи за отворено партнерство со чинителите при креирањето на политиките.

Истата година Министерството потпиша Меморандум за соработка со UNWomen, од каде произлезе формирањето на посебна Работна група составена од повеќе претставници на различни државни и научно-образовни институции и земјоделски здруженија. Досега за оваа мерка беа објавени два јавни повици, а интересот кој го покажаа жените земјоделки е потврда дека мерката ја постигнала својата цел“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Првиот јавен повик беше реализиран минатата година, со доделени договори за грант во износ до 3.000 евра, за 250 жени регистрирани како носители на земјоделско стопанство.

„Од нив, според податоците од Платежната агенција, 135 апликанти ја реазлизирале инвестицијата, а кон 103 Платежната веќе ги има исплатено средствата во износ од 15 милиони денари, во форма на неповратни грантови со кои се покрива 100% од направените трошоци“. Овде би сакал да напоменам, дека интересот за првиот повик за мерката Рурална жена ги надмина нашите очекувања, па затоа првично планираните средства за 100 договори, не беа доволни поради што Министерството успеа да обезбеди дополнителни средства, за да може сите жени кои аплицирале и при тоа ги исполниле условите, да ја добијат финансиска поддршка. Со ова се овозможи наместо 100 апликантки, грант да добијат вкупно 250 жени земјоделки“, посочи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Успехот на мерката и интересот кој го покажаа жените земјоделки, а со тоа искажаа огромна доверба кон Министерството, беше мотив со вториот јавен повик, поддршката да ja зголемиме двојно повеќе, односно од 3.000 на 6.000 евра.

„Денеска сме овде сите заедно, за да сведочиме на новиот успех, потпишани нови 70 договори, од вториот јавен повик кои лично ќе ги врачиме. Со вториот јавен повик за мерката, предност им дадовме на жените земјоделки регистрирани согласно Закон за вршење земјоделска дејност и Закон за ПИО. Со ова фокусот го ставивме на поддршката на жените кои се вистински земјоделки и на кои земјоделското производство им е основна дејност. На повикот аплицираа вкупно 132 жени земјоделки. Од нив, 70 ги исполнија условите и одобрен им е грант во вредност до 6000 евра по корисник“ рече Николовски.

Со средствата од грантот, жените земјоделки можат да набавуваат опрема за винарство, линии за производство на сточна храна, опрема за производство на мед и пчелни производи, опрема за млинови, молзачки, калапи за сирење, машини за преработка и мелење на месо и останата преработувачка опрема, со што ќе можат да развијат нови производи, нови брендови и нова додадена вредност во македонската економија и тоа токму во руралните средини.

Најголем интерес има за набавка на опрема за фарми и за винарии како и за производство на мед, маџун, преработка и сушење на овошје и зеленчук.

„Особено ме радува што помеѓу апликантките има и апликации за набавка на соларни сушари на овошје и зеленчук, нешто што е современо решение со оглед на енергетската криза, а истовремено е потврда дека со помош на мерките и политиките на министерството, се развива и модернизира земјоделското производство“ потенцираше Николовски и ги поттикна жените земјоделки да ги искористат и другите мерки од програмите на Министерството.

Новата Програма за поддршка на малите производители на храна, овозможува грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и директна продажба, преку која се очекува да се поттикне развој на нови 2000 производители. Оваа програма се воведува за прв пат и претставува директна поддршка за земјоделците кои своето производство сакаат да го пласираат на пазарот по принципот на продажба од праг или од фарма. Жените земјоделки ќе можат да аплицираат и за новата мерка за бизнис план од Програмата за рурален развој, со што им се овозможува да достават сопствен бизнис план преку отворен јавен повик кој ќе трае преку целата година. Исто така, за земјоделците од мал обем, новиот модел на субвенционирање предвидува поддршка до 40.000 денари без услов за предавање на производството.

Договорите за грант беа доделени од страна на министерот Николовски, државниот секретар Исмаили и директорот на Платежната агенција, Бачовски.

Заедничката порака упатена кон руралните жени е тие да продолжат да бидат храбри, да имаат идеи за бизнис, да аплицираат, а институциите повторно ќе го реализираат ветувањето.

Извор: Бриф

Next Post

Твитер, Илон Маск и слободата на говор: Дали птицата навистина е ослободена или само и ги поткастрија крилјата?

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk