ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руската амбасада во Северна Македонија со провокација: „Косово е Србија – Крим е Русија“

November 8, 2022 12:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Руската амбасада во Северна Македонија, на 6 ноември, на Твитер сподели мурал од Северна Митровица на кој пишува „Косово е Србија – Крим е Русија“.

„Напомена, Русија е плус Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон“, е провокацијата на руската дипломатија објавена на Твитер.

Објавата на Твитер на Руската амбасада во Република Северна Македонија има околу 300 споделувања, речиси 2.000 допаѓања и десетици коментари.

Ваквата руска пропаганда и провокација доаѓа откако европските лидери се обидуваат да најдат мирно решение за надминување на кризата во северно Косово.

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје, со кој е објавена фотографија од националистички мурал во Косовска Митровица, на кој стои „Косово е Србија, Крим е Русија“.
„Алијанса за Албанците ја осудува неодамнешната провокација на руската амбасада во Скопје на Твитер, со која сериозно се прекрши Уставот на земјата којшто го признава Косово како независна и суверена држава.
Северна Македонија е исто така јасно усогласена со Западот во осудата на руската агресија врз Киев и во одбраната на територијалниот интегритет на Украина. Северна Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, не смее да дозволи вакви малигни влијанија од акредитирана амбасада во Скопје. Молкот пред ваквите провокации може да се сфати како легитимирање на проширувањето на руската агенда на Балканот, којашто заедно со воено поттикнувачката политика на Србија кон Република Косово, се директна закана за мирот и безбедноста во регионот, како и саботирање на Европска перспектива на Западен Балкан“, велат од АА.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна дека Република Северна Македонија со внимание ја следи ситуацијата во северот на Косово, чие натамошно влошување може да претставува сериозен предизвик врз стабилноста на регионот.

„Како непосредни соседи на двете земји, упатуваме апел за воздржување од активности кои можат да доведат до ескалација на состојбите, враќање во институциите на системот, и активно и неодложно продолжување со дијалогот кој силно го поддржуваме и охрабруваме.

Изнаоѓањето на трајно решение кое ќе обезбеди меѓусебно признавање и европска иднина за двете земји претставува единствениот начин за долготрајно нормализирање на односите кое е од интерес не само на двете страни, туку и на целиот регион“, објави Османи на својот Фејсбук профил.

На 1 ноември 2022 година, Владата на Република Косово започна со спроведување на планот за пререгистрација на табличките со српски ознаки на градовите во Косово, издаден од Србија, како што е КМ (Косовска Митровица). Планот за пререгистрација требаше да започне на 1 август, откако Косовските власти соопштија дека регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Д.М.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

САД останува силен партнер, сојузник и пријател на Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk