Скопје утрово се разбуди со енормна загаденост и концентрација на штетните ПМ честички.
Според светската мрежа IQAir.com концентрацијата на ПМ 2,5 честичките утрово во центарот на Скопје изнесувала 154 мг/м3, што над трипати повисоко од дозволената концентрација.
Како што температурите паѓаат, така и степенот на загадување во главниот град станува се повисок и поопасен, што го загрозува здравјето на граѓаните.
Иако во кампањата пред локалните избори и Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ветуваат краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето, една година подоцна во Буџетот на Градот средствата за екологија се намалени, а нови спроведени мерки нема.
Последните недели Град Скопје речиси и да не функционира а седниците на Советот се претворени во театар каде советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска јавно се напаѓаат, навредуваат и омаловажуваат.
И додека Арсовска и претседателот на Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се „тепаат“ за микрофонот, жителите на Скопје се „тепаат“ да дојдат до чист воздух.
Извор: 24инфо