ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Мирза Буљубашиќ: Mалигниот дух на минатото

Времето кое доаѓа сведочи дека во постјугословенските општества постепено се губат карактеристиките на постконфликтност, а во рамките на хоризонтот станува поочигледно дека се работи за предконфликтни, или барем за предтоталитарни општества.

November 11, 2022 14:13
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Мирза Буљубашиќ

Се приближуваме кон третата деценија од завршувањето на една од бројните крвави страници во историјата на постјугословенскиот простор. Гледајќи во ретровизор во наведениот простор, не е во целост јасно какви препреки го оневозможија соочувањето со колективните виктимизации од минатото, и зошто?

Реките заблуда течеа во уверување дека демократизацијата, индивидуализмот и реформирањето на клерикалниот (етно)национализам ќе остварат прифатлив досег за соочување со минатото.

До сега, катарзите, доколку воопшто беа веродостојни, како и заговарањата на поединци, не оставија особено влијание врз соочувањето на целокупното, или барем на значајни делови од постјугословенското општество со минатото.

Досегашните искуства индицираат дека обидите за демократизација засега можат да гарантираат барем само чисто отсуство на политичко насилство, но не и одржив мир. Но, од сегашните позиции, евалуацијата на соочувањето со минатото е помалку важна, дури можеби е и премногу доцна да се разгледуваат (не)успесите на досегашните активности во таа смисла.

Времето кое доаѓа сведочи дека во постјугословенските општества постепено се губат карактеристиките на постконфликтност, а во рамките на хоризонтот станува поочигледно дека се работи за предконфликтни, или барем за предтоталитарни општества.

Моменталниот поредок на нештата демонстрира дека врз урнатините на Југославија – војни, ѕверски злосторства, вклучувајќи геноцид и агресија – секојдневниот живот стана окупиран со норми и вредности на клерикалниот (етно)национализам.

Секојдневието е исполнет со токсични политикантски дискурси и пракси, како со општествени структури зачаурени во минатото. Секојдневниот живот може кундеровски да се сумира како неподнослива леснотија на постоењето.

Со оглед на тоа дека досегашните активности за соочување со минатото не можеа ефикасно да одговорат на континуитетите на војување со други средства во политикантските арени, каде што моменталната состојба на мир се подразбира само како отсуство на насилство, тогаш е потребен коперникански преврат.

Досегашните активности на конвенционалното соочување со минатото треба да еволуираат. Неколку научници, истражувачи и организации на граѓанското општество, вклучувајќи и новинари, алармираат на честото игнорирање на закани и потребата од впуштање во борба против десничарскиот екстремизам како состојба на нормализираност. Затоа, во разумна мера, е потребна трансформација на активностите за соочување со минатото во активности за спротиставување на (крајниот) десен (не)насилен екстремизам. Доколку сакаме со полни гради да ја живееме либералната демократија, потребно е да се соочиме со минатото во контекст на современите сигурносни, политички и општествени предизвици.

За тоа да се оствари, пропонентите на либералната демократија не треба да се откажуваат од напорите да се постигне одговорност за политичкото насилство и за одржувањето на сеќавањата за колективна виктимизација од минатото, вклучувајќи и спротиставување на историскиот ревизионизам.

Неуспесите во активностите за соочување со минатото не треба да бидат причина за минимизирање на – повеќе или помалку – успешните одговори на злосторствата и виктимизациите од минатото, особено не за целосно исклучување на парадигмата за соочување со минатото. Напротив, треба да разбереме дека минатото има свое еволуирано лице во сегашноста и дека може да влијае врз конструирањето на иднината; тоа бара одговор од целото општество. За почеток, потребно е насочување на организацијата на граѓанското општество од активности за конвенционално соочување до минатото кон активности за превенирање и спротиставување на десничарскиот екстремизам, како и кон мобилизација на луѓето од заедниците за покренување на низа мали промени, доволно значајни за да предизвикаат поголема, поважна промена. Доколку продолжиме да го игнорираме или дефетистички да се однесуваме кон малигниот дух на минатото кој прогонува и во сегашноста, процесите на либералната демократија во фрагилните постјугословенски општества можат да бидат доведени во прашање. Потоа, со растот на поддршката на десничарскиот екстремизам во постјугословенските општества, остварениот напредок во досегашните активности и конвенционалното соочување со минатото, може, ако веќе и не е, да стане неостварлив идеал.

Извор: Окружење


Мирза Буљубаши е, асистент на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии на Универзитетот во Сараево.

Next Post

Ковачевски: Вложуваме во нови градинки, затоа што тоа е влог во иднината на државата

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk